Актуелности
НАПРЕДНИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ФАРМАЦЕВТСКАТА ДЕЈНОСТ И УПОТРЕБА ОД ЗАКОНСКО РЕГУЛИРАЊЕ
Центарот за континуирана едукација при Фармацевтскиот факултет реализираше интересен настан каде што науката и технологијата се спојуваат за подобра фармацевтска дејност!
Од инспиративни воведни предавања, преку интересни панел дискусии, откривме дека напредните технлогии се неизбежен дел во секој сегмент од фармацијата. Од образованието, преку истражувањата и подобрување на процесот на откривање на лекови до оптимизирање на грижата за пациентите преку персонализирани планови за лекување, напредните технологии го менуваат начинот на кој фармацевтите и здравствените работници ги испорачуваат здравствените услуги. Како што напредува употребата на напредните технологии во фармацијата, таа со себе носи значителни предизвици, заради што и неминовна е потребата за соодветна законска рамка која ќе ја гарантира безбедноста, ефикасноста и етичките стандарди.
Благодарност до предавачите и сите оние кои што беа дел од настанот и ја делат визијата за иднината на фармацевтска дејност. Особено не радува што на овој хибриден настан учествуваа над 180 учесници.
Погледнете ја галеријата за да ја видите дел од атмосферата.
Потпишан меморандум за соработка со Агенцијата за лекови и медицински средства
Деканот на Фармацевтски факултет-Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Зоран Стерјев и в.д. директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства Сефедин Јонузи денеска 14 февруари 2025 година потпишаа меморандум за соработка од заеднички интерес кои се темели на искористувањето на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови на двете страни насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности од областа на фармацијата.
Меѓусебната соработка на потписниците на овој меморандум ќе се реализира во различни домени од делокругот на нивната работа, а посебно внимание ќе се даде на следните полиња на соработка: работа на развојно-истражувачки проекти, апликативни проектни задачи, консултативни активности и експертски услуги и едукативни активности.
Конечна листа на примени кандидати за докторски студии на Фармацевтски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за учебната 2024-2025 година
Предавање од проф. д-р Невена Ивановиќ од Фармацевтски факултет при Универзитетот во Белград, Србија
Проф. д-р Невена Ивановиќ од Фармацевтски факултет при Универзитетот во Белград, Србија како визитинг професор ќе гостува на Фармацевтскиот факултет во Скопје. На 3.12.2024 (вторник) со почеток во 13 часот во предавална 1, ќе одржи предавања на тема:
„Преку користење на нутритивните декларации до соодветен избор на прехранбени производи“ „Пробиотици – механизам на дејство, здравствени придобивки и употреба“
Предавањата се од отворен карактер и сите заинтересирани можат да присуствуваат.
Дополнително, визитинг професорот, проф. д-р Невена Ивановиќ од Фармацевтски факултет при Универзитетот во Белград, Србија, за студентите на програмата магистер по фармација на ден 5.12.2024 (четврток) во предавална 1 со почеток во 11 часот, ќе одржи предавања на тема „Храна-лекови интеракција“ и „Генетски модифицирани организми“.
Драги матуранти, наши идни студенти!
Ве покануваме на „Отворен ден на Фармацевтски факултет“ при Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, којшто ќе се одржи на 5 декември 2024, во два термина:
⏰ во 11:00 часот и во 13:00 часот.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, и за кариерните можности 👩🎓👨🎓💡📈
Направете го вистинскиот избор!
Се гледаме на 5 декември!
Конечна листа на примени кандидати за докторски студии на Фармацевтски факултет за учебната 2024-2025 година
Распоред за ден-сесија на Фармацевтски факултет – Трета испитна сесија 2023-2024 година - со измена!
Распоредот за испитит за ден-сесија во трета испитна сесија е достапен на следниот линк.
Инфо термин за Еразмус студентска размена
Ве покануваме на информативна средба за Еразмус студентска размена, среда, 02.10.2024 година, во 14:30 часот во предавална 4.
Решение за прием на студенти во прва година во учебната 2024-2025 година на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје - Втор уписен рок
Известување за прв академски час за учебната 2024-2025 година
Првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи на 1 октомври о.г. на платото кај паметникот на светите Кирил и Методиј во кампусот Ректорат, со почеток во 10 часот.
Првиот академски час на Фармацевтски факултет ќе се одржи истиот ден во 14:00 часот за студиската програма Магистер по фармација, односно во 14:30 часот за студиските програми Лабораториско биоинженерство и Диететика и диетотерапија.
Повеќе информации на следниот линк.
Огласи
Конкурс за студентска мобилност во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата – академска 2025-2026 година
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува КОНКУРС за студентски мобилности во рамки на програмата ЕРАЗМУС+
Индивидуална мобилност за студенти за зимскиот семестар во академската 2025/2026 година
Повеќе информации на следниот линк.
Известување за пријава на аптека/и за професионална пракса во летен семестар 2024-2025 година
Фармацевтски факултет-Скопје во претстојниот летен семестар 2025 година ќе ја реализира професионалната практика за студентите во 10-тиот семестар од студиите.
Повеќе информации за пријавувње на аптеки на следниот линк.
Оглас за пријавување на кандидати за запишување односно одобрување на специјализации
Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за запишување на специјализации.
Повеќе информации на следниот линк.
Отворен оглас за стипендии за студенти и млад научен кадар од сите научни области за следење на курсеви по германски јазик на високообразовни институции во Баварија, Сојуна Република Германија во 2025 година
Стипендијата за следење на курсевите со физичко присуство ја покрива школарината, сместувањето и оброците. Кандидатите треба се граѓани на РСМ, да имаат најмалку Б1 ниво на познавање на германскиот јазик, да имаат запишано најмалку трет семестар на единицата на УКИМ и да достават уверение со оцени од положените испити. Крајниот рок за аплицирање е 23 март 2025 година.
Повеќе информации на следниот линк.

Програмата за млади таленти на „Алкалоид“ АД Скопје
Нови предизвици за студентите од Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје!
Како дел од Програмата за млади таленти на „Алкалоид“ АД Скопје, во соработка со Центарот за кариера на УКИМ, 12 студенти ќе имаат можност да се вклучат во едукативно-апликативниот проект на тема „Зеленa хроматографија: дел 2 – нови пристапи и решенија“.
Прочитајте повеќе за условите и за начинот на пријава на:
https://bit.ly/povik-za-studenti-2024
Одлука за распишување избори на членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Фармацевтски факултет Скопје
Се распишуваат избори за 22 членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Фармацевтски факултет во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Изборите за членовите и претседателот ќе се одржат на 11.12.2024 година (среда), со електронско гласање во период од 10:00-14:00 часот.
Повеќе информации на следниот линк.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје објавува Конкурс за стипендирање на 20 студенти по фармација
Повеќе информации на следниот линк.
Конечна ранг листа за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2024/2025 година
Повеќе информации на следниот линк.
Интерен оглас за студенти чие родителско право го врши само еден родител - 2024-2025 година
Врз основа на член 4 од Одлуката за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2024/2025 година (бр. 02-952/3 од 20.9.2024 г), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објавува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2024/2025 година
Повеќе информации на следниот линк.
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ И ПРАКТИЧНИ ПРИСТАПИ ЗА РАЗВОЈ НА ПРОЕКТИ
Центарот за кариера на Фармацевтски факултет, УКИМ во Скопје
во соработка со Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности организира дводневна обука на 03.10 и 04.10.2004 на Фармацевтскиот факултет, на тема:
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ И ПРАКТИЧНИ ПРИСТАПИ ЗА РАЗВОЈ НА ПРОЕКТИ
Повеќе информации на следниот линк.
Оглас за демонстратори за учебната 2024-2025 година
Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за демонстратори за учебната 2024-2025 година:
- 1 (еден) демонстратор на Институт за фармакогнозија
- 1 (еден) демонстратор на Институт за фармацевтска технологија
- 1 (еден) демонстратор на Институт за применета хемија и фармацевтски анализи
- 2 (два) демонстратор на Институт за фармацевтска хемија
Повеќе информации на следниот линк.
Оглас за пријавување на кандидати за запишување односно одобрување на специјализации

Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за запишување на специјализации за вработени здравствени работници во јавни здравствени установи
Повеќе информации на следниот линк.
Архива на огласи
Соопштенија за студенти
Последни соопштенија
- Конкурс за студентска мобилност во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата – академска 2025-2026 година 25/03/2025
- Соопштение за одбрана на специјалистички труд – Теодора Ѓошева 13/03/2025
- Листа на избрани аптеки за спроведување на Професионална практика во летен семестар 2024-2025 година 07/03/2025
- Соопштение за предавање по предметот Основи на фармакотерапија и терапевтска исхран 26/02/2025
- Соопштение за одбрана на докторски труд – М-р Елизабета Крстевска Божиновиќ 25/02/2025
- Одлука од Комисија за дисциплински мерки на Фармацевтски факултет за студентот Ива Ивановска 24/02/2025
- Известување за пријава на аптека/и за професионална пракса во летен семестар 2024-2025 година 24/02/2025
- Соопштение за одбрана на докторски труд – М-р Вероника Стоилковска Ѓоргиевска 21/02/2025
- Резултати од испит Токсиколошки и форензички анализи одржан на 17.02.2025 – ден сесија 19/02/2025
- Резултати од испит по предметот Фитохемија, оддржан на 17.2.2025 (казнена сесија) 19/02/2025
- Соопштение од Институт за фармацевтска хемија 19/02/2025
- Соопштение за одбрана на специјалистички труд – Весна Влчева 19/02/2025
- Резулти од испит по предметот Фармацевтска ботаника (17.02.2025 – казнена) 18/02/2025
- Резултати од испит Хемија на храна 1 одржан на 17.2.2025 – ден сесија 18/02/2025
- Резултати од практичен испит и теоретски испит Токсикологија одржан на 17.2.2025 – ден сесија 18/02/2025