Центарот за биомолекуларни фармацевтски анализи
Раководител:
Проф. д-р. Надица Матевска-Гешковска
Тел: (++389) 2 3120 024
е-mail: nmatevska@ff.ukim.edu.mk
Адреса:
ул. Мајка Тереза бр. 47,
Поштенски фах 36
1000 Скопје, Р. Македонија
Човечки ресурси:
- Проф. д-р. Надица Матевска-Гешковска
- Проф. д-р. Александар Димовски
- Проф. д-р. Љубица Шутуркова
- Проф. д-р. Зоран Стерјев
- Проф. д-р. Александра Грозданова
- Проф. д-р. Александра Капедановска Несторовска
- Проф. д-р. Зорица Серафимоска
- м-р. фарм. Марија Станинова
- дипл. биол. Ивана Георгиевска
- дипл. лаб. бионж. Емилија Ѓоргиевска
- дипл. лаб. бионж. Христина Секулоска
- дипл. лаб. бионж. Далиела Филиповска
За Центарот:
Основна цел на Центарот за биомолекуларни фармацевтски анализи (ЦБФА) е изведување на базични, апликативни и развојни истражувања на биомолекулите кои наоѓаат примена во современата терапија на најчестите заболувања. Овој Центар произлезе од постојните лаборатории по молекуларна биологија и генетика, фармакогенетика и имунологија, во кои повеќе од 20 години на Фармацевтскиот факултет се изведуваат научно-истражувачки активности и проекти од овие научни области.
Како последица на се поголемиот развој на молекуларната дијагностика и индивидуализација на терапијата, како и реалната потреба за изведување на рутински анализи од овој тип на територијата на Р.Македонија, во 2008 година ЦБФА се издвои како автономна организациона единица на УКИМ – Фармацевтски факултет, и започна со апликативна работа како лабораторија за молекуларна дијагностика. Од 2011 година ЦБФА има овластување од Министерството за здравство на Република Македонија за вршење на дијагностичко-лабораториска дејност. Во 2016 година, ЦБФА склучи договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија за извршување на здравствени услуги за осигурани лица во специјалистичко-консултативна здравствена заштита од дијагностичко лабораториска дејност од областа на молекуларна дијагностика.
Капацитети:
Центарот за биомолекуларни фармацевтски анализи располага со простор од ~250m2 огранизиран во 5 простории: приемно одделение и 4 лаборатории. Лабораториите се конципирани во согласност со стандардите за молекуларно-дијагностичка дејност и опфаќаат: лабораторија за припрема на примероци (пре-PCR просторија), лабораторија за припрема на анализи (мастер-микс просторија), лабораторија за анализи на PCR продукти (пост-PCR просторија) и лабораторија за анализи на клеточни култури. Лабораториите се опремени со најсовремена опрема потребна за изведување на анализи од областа на молекуларна дијагностика:
- два апарати за масивно паралелно секвенционирање (секвенционирање од нова генерација- NGS): Miniseq (Ilumina) и Ion torrent PGM (Life Technologies);
- систем за автоматска екскстракција на нуклеински киселини од секаков тип на биолошки материјал: MagCore HF16 Plus (RBC Bioscience);
- два генетски анализатори: 3500 Genetic Analyzer (Life Technologies) и ABI310 Genetic Analyzer (Applied Biosystems)
- три апарати за изведување на полимераза верижна реакција во реално време: AriaMx Real-time PCR Systems (Agilent) и 2 апарати Stratagene MX3005P Real-time PCR Systems (Agilent) ;
- три апарати за полимераза верижна реакција: Verity Thermal Cycler (Life Technologies), GeneMax (Bioer) и ABI2700 Thermal Cycler (Applied Biosystems);
- апарат за квалитативно и квантитативно UV-VIS, луминисцентно и флуоресцентно читање на плочи: VICTOR X4 Multilabel Plate Reader (Perkin Elmer);
- апарат за визуализација и диференцијална анализа на сите видови на гелови: Versa Doc Imaging system (BioRad)
- комплетна опрема за култура на клетки: ламинарна комора (ESCO), СО2 инкубатор (MRC), инвертен флуоресцентен микроскоп (Nicon), итн.
- различна ситна лабораториска опрема: ламинарни комори, инкубатори, лиофилизатор, систем за ЕЛИСА (BioRad), системи за 2D PAGE и агарозни гелови (BioRad), центрифуги и микроцентрифуги, водена бања, pH метар, магентни мешалки и вортекс мешалки, аналитички ваги, фрижидери (4°, -20°С and -80°С), Nanodrop спектрофотометар (Thermo Fisher Scientific), Qubit флуориметар (Thermo Fisher Scientific) итн.
Дејност:
Центарот за биомолекуларни фармацевтски анализи има три дејности:
- Научно-истражувачка дејност – унапредување на сегашната научно-истражувачка дејност во областа на молекуларната онкологија, фармакогенетика и имунологија преку зголемена компетитивност за изведување на проекти финансирани од меѓународни извори;
- Едукативна дејсност – обука на кадри во последипломска настава за потребите на фармацевтската индустрија и лабораториите кои се занимаваат со молекуларна дијагностика и производство/контрола на квалитет на препарати добиени со биотехнолошки постапки; и
- Апликативна дејност – анализи кои се користат за практицирање на персонализирана медицина вклучително молекуларна карактеризација на малигни заболувања, одредување на наследна склоност за малигни болести, фармакогенетски анализи за рационализација на терапијата со скапи биолошки препарати, мониторинг на минимална резидуална болест, итн.
Ценовник (прилог):
За анализите кои се опфатени со овој договор и кои паѓаат на товар на ФЗОМ, осигурените лица учествуваат со партиципација чија висина зависи од референтната цена на услугата е одредена согласно Одлуката за утврдување на висината на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги и лековите (“Службен весник на РМ” број 48/2001 и 52/2001).
Ценовникот може да го преземете на следниов линк.