Menu Close
 ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ
УНИВЕРЗИТЕТ Св. Кирил и Методиј” Скопје
 
Центарот за континуирана едукација (ЦКЕ) е основан со цел да ги задоволи растечките потреби на институциите и лицата вработени или со интерес за вработување во здравствениот, административниот, академскиот и стопанскиот сектор за соодветна обука и усовршување во различни сфери од нивното работење.
ЦКЕ е динамичен и институционализиран центар посветен на организирање и реализација на современи, креативни, високо квалитетни и акредитирани облици на стручно усовршување со експертиза од страна на академски лица. Водечки начела во неговото работење се актуелизирање на научните и етички вредности и развивање на практични вештини во програмите за континуирана едукација.
Основни цели на ЦКЕ се:
  • Популаризација и афирмација на идејата за континуирана едукација;
  • Поттикнување и реализација на различни облици на стручно усовршување кои ќе ги задоволат потребите на јавниот и приватниот сектор;
  • Обезбедување на капацитети, опрема и референтен материјал за реализација на стручното усовршување;
  • Следење на квалитетот и користа од стручното усовршување;
  • Создавање “синергизам” во рамките на универзитетските единици и развој на стратегиjа за зголемување на “индивидуалниот придонес” на академските лица во стручното усовршување на заинтересираните лица и институции;
  • Воспоставување на интердисциплинарна академска, научна и стручна соработка со други институции во земјата и странство посветени на развој на програми за континуирана едукација;
  • Вклучување во интернационалниот систем за континуирана едукација на земјите во и надвор од Европа;
  • Воспоставување на соработка преку меѓународни проекти во областа на континуираната едукација.
Сите активности и програми на ЦКЕ се одобруваат од страна на Наставно-научниот совет на Фармацевтскиот факултет на предлог на  Стручна комисија за континуирана едукација составена од академски лица и на барање на предлагачот/организаторот. Како предлагач/организатор може да се јави наставник/соработник или општествено-афирмиран експерт од одредена област или институција од јавниот и приватниот сектор.
ЦКЕ се обрзува да ја достави Документацијата за акредитација на обликот и програмата за стручно усовршување до Фармацевтската комора на Македонија и/или Лекарската комора на Македонија, доколку тоа го побара предлагачот/ организаторот.
Цената на услугите кои ги дава ЦКЕ се утврдува заедно со доставениот предлог за реализација на стручното усовршување.
Барањето за одобрување на обликот и програмата за стручно усовршување од страна на предлагачот и информациите за потребната документација за одобрување на обликот и програмата за стручно усовршување од страна на Стручната комисија за континуирана едукација и за потребнaта документација за акредитација на обликот и програмата за стручно усовршување од страна на ФКМ/ЛКМ се достапни на веб страницата на Фармацевтскиот факултет: www.ff.ukim.edu.mk
Барањето и потребната документација може да се достават по:
  • пошта:
          Фармацевтски факултет
          Центар за континуирана едукација
          Фармацевтски факултет
          Мајка Тереза 47, 1000 Скопје
          Република Македонија
          П.ф. 36
  •  телефакс: 00 389 (0)2 3123 054
  •  електронска пошта: cke@ff.ukim.edu.mk
 За сите потребни информации обратете се на:
Координатор на Центарот за Континуирана едукација
Проф. д-р Ана Поцева Пановска
e-mail: anpo@ff.ukim.edu.mk
Тел: +389 (0)2 3126 032; лок. 105
Одговорно лице за стручно-техничка подготовка и реализација на програмата на Центарот за Континуирана едукација
Асс. д-р Евгенија Михајлоска
e-mail: emihajloska@ff.ukim.edu.mk
Тел: +389 (0)2 3126 032 лок. 138