ПОЛИТИКА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ
Со цел спречување на корупција во академската заедница во приложената Нацрт-политика за спречување на корупција на Универзитетот определени се обврските и должностите на Универзитетот, како и на единиците во неговиот состав и на вработените вклучително наставниот, соработничкиот и административниот кадар на Универзитетот.
- Универзитетот презема обврска за спроведување на политика на нула-толеранција кон корупцијата, се обврзува да постапува професионално и чесно, со интегритет и да имплементира систем на заштита од мито и корупција.
- Универзитетот е посветен кон примена на највисоките стандарди на отвореност, интегритет и одговорност. Својата дејност ја извршува одговорно и отчетно, врз основа на законите и Статутот на Универзитетот, како и Етичкиот кодекс на Универзитетот.
- Универзитетот има обврска да им обезбеди можности на студентите, вработените и други лица за заштитено внатрешно пријавување.
- Универзитетот изработува и имплементира систем за детектирање и пријавување на корупција.
- Универзитетот соработува со медиумите со цел обезбедување на отвореност и транспарентност на својата работа.
- Универзитетот целосно ги применува механизмите за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Слободен пристап до информации од јавен карактер имаат сите правни и физички лица.
- Универзитетот спроведува тренинзи за своите вработени со цел нивна обука за запознавање со механизмите за справување со корупција и запознавање со нивните обврски во таквите околности.
Овластено лице за прием на пријави од укажувачи
Дафинка Анческа,
e-mail: anceska@ff.ukim.edu.mk
тел. +389 (0)2 3126023 лок. 132
Документи
- Прирачник за примена на законот за заштита на укажувачи
- Нацрт универзитетска политика
- Образец за пријавување
- Заштита на укажувачи (пречистен текст)