ИСТОРИЈАТ
1977 година
- Основање на Фармацевтскиот факултет во состав на Универзитетскиот центар за медицински науки.
- Воведување на четиригодишна студиска програма за стекнување со звањето дипломиран фармацевт.
- Запишување на првата генерација студенти на Фармацевтскиот факултет.
1985 година
- Здружување на Фармацевтскиот факултет со Медицинскиот факултет, како Отсек за фармација при Медицинскиот факултет во Скопје.
1986/87 година
- Воведени тригодишни специјалистички студии од различни области на здравствени специјализации и тригодишни последипломски магистерски студии.
1992/93 година
- Воведен нов наставен план и програма за студиите по фармација.
1994 година
- Осамостојување на Фармацевтскиот факултет како посебна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методи’’.
1995 година
- Пуштање во работа на новоизграден објект (прва зграда), со 1 предавална, две компјутерски училници, 7 лаборатории и 10 кабинети за наставен кадар.
1995 година
- Основање на нови институти за: фармацевтска ботаника, молекуларна биологија, аналитичка хемија, неорганска хемија и органска хемија.
1997 година
- Основање на Национален центар за давање информации за лекови.
1997 година
- Воведени постдипломски специјалистички (2 семестри) и магистерски (3 семестри) студии по здравствен менаџмент и фармакоекономија.
1999/2000 година
- Воведување на нова петгодишна студиска програма за стекнување со звањето Дипломиран фармацевт.
2001 година
- Внатрешна реорганизација и основање на 5 поголеми наставно-научни единици: Институт за фармацевтска технологија, Институт за фармацевтска хемија, Институт за применета хемија и фармацевтски анализи, Институт за применета биохемија.
2001 година
- Основање на Центар за испитување и контрола на лекови.
2001/02 година
- Воведување на европскиот кредит трансфер систем и приспособување на курикулумот кон барањата на Европската асоцијација на факултети.
2002/03 година
- Воведување на нова петгодишна студиска програма за стекнување со звањето Магистер по фармација.
2002 година
- Пуштање во работа на нова (втора) зграда, со 2 амфитеатри, 8 лаборатории, деканатот и останатиот административен дел на факултетот.
2002 година
- Промени во студиските програми за специјалистички студии од сите здравствени специјализации.
2005-2008 година
- Набавена капитална инструментална лабораториска опрема: гасна хроматографија со FID-ECD-детекција и „head space”- техника, со масена детекција, течна хроматографија со DAD и флуоресцентна детекција, спектрофотометри со високи перформанси, PCR апарат, Real-time PCR, DNA секвенционер, капиларна електрофореза, апарат за мерење на големината на честиците со ласерска дифракција, апаратура за сушење и микронизирање со распрснување.
2006 година
- Воведување на меѓународниот стандард за лабораториско испитување, ISO 17025, во Центарот за испитување и контрола на лекови. Сертификат за акредитација од Институтот за Aкредитација на Р. Македонија, свечано врачен на 17.11.2006 година.
2006/07 година
- Акредитација на изменети студиски програми за последипломски и специјалистички студии од областа на здравствен менаџмент фармакоекономија.
2007 година
- Формиран Центар за континуирана едукација
2007 година
- Завршено со работа на ТЕМПУС проектот „Реконструкција на фармацевтската едукација во Република Македонија”(2004-2007), во соработка со: Универзитет за фармацевтски науки од Копенхаген, Универзитетот во Стокхолм, Македонското фармацевтско друштво и Фармацевтската комора на Македонија.
2008/09 година
- Воведена нова петгодишна студиска програма интегрирани студии од 1 и 2 циклус по Болоња за стекнување со звањето магистер по фармација (9 семестри универзитетска настава и 1 семестар професионална практика). Студиите по фармација се усогласени со барањата на ЕУ Директивата 36/2005.
2009 година
- Формирани нови центри за научна и апликативна дејност: Центар за природни производи, Центар за фармацевтска нанотехнологија, Центар за контрола на труења и Центар за биомолекуларни фармацевтски анализи.
2010 година
- Акредитирана нова тригодишна студиска програма од 1 циклус за стекнување со звањето дипломиран лабораториски биоинженер.
2011 година
- Акредитирана студиска програма од втор циклус академски специјалистички студии по фармацевтска регулатива.
2011 година
- Акредитирана студиска програма од трет циклус докторски студии, од научното подрачје на медицински науки и здравство, област фармација.
2012 година
- Акредитирани втор циклус, академски специјалистички и постдипломски магистерски студии од областите: фитотерапија, козметологија и индустриска фармација.
2013 година
- Центарот за испитување и контрола на лекови стана полноправна членка на европската мрежа на Официјални лаборатории за контрола на лекови GEON – General European OMCL network.
2014 година
- Акредитирани втор циклус магистерски студии по Лабораториски анализи и инженерство во фармацијата.
2015 година
- Договор со Фондот за здравствено осигурување за покривање на трошоците за извшени анализи во Центариот за биомолекуларни фармацевтски анализи за потребите на здравствениот сектор во државата.
2017 година
- Свечено одбележан јубилеј 40 години од основање на Фармацевтскиот факултет во Скопје.
2018 година
- Акредитирана нова тригодишна студиска програма од 1 циклус за стекнување со звањето дипломиран диететичар/диетотерапевт.
- Акредитирани втор циклус магистерски студии по диететика и диетотерапија.