Статус на студент на Фармацевтскиот Факултет, а со тоа и член на академската заедница, се стекнува со запишувањето на додипломски, дипломски, последипломски и докторски студии на Факултетот.
Студентот има право на:
- Редовно студирање и статус на редовен студент под услови определени со Статутот на Универзитетот и Правилникот на Факултетот;
- Запишување и образование под еднакви услови утврдени со закон, со општите акти на Универзитетот и со Правилникот;
Учество во управувањето со Факултетот, согласно со закон, Статутот и Правилникот; - Заштита на своите права и должности пред органите на Факултетот;
- Заштита на личноста на студентот од злоупотреба и на неговото достоинство;
- Користење на библиотеката и базите на податоци, просторот, опремата (учебните помагала), софтверот и друга научна и стручна инфраструктура на Факултетот;
- Учество во научноистражувачката и стручната дејност, при што му се гарантираат авторски, пронаоѓачки и слични права и награди;
- Избор и да биде избиран, како претставник на студентите, во органите на Факултетот и Универзитетот.