Факултетско студентско собрание на фармацевтски факултет
Факултетското студентско собрание на Фармацевтски факултет (ФССФФ) е единственото тело на Факултетот кое ги претставува студентите по Фармација во Северна Македонија. Членовите во Факултетското собрание имаат обврска да ги застапуваат интересите на студентите, да учествуваат во промоција на образованието на студентите на регионално ниво преку инфромирање и едуцирање на теми од областа на фармацијата, здравството, како и актуелни теми од областа на биомедицинските науки.
ФССФФ брои 22 членови и претседател, но сите студенти се вклучени непосредно во работата на собранието преку дискусии, давање идеи и вклучување во различни активности кои Собранието ги организира преку целата година.
Работата на Собранието е поделена на следните области:
- Придонес кон подобрување на наставата;
- Ангажирање со цел зголемување на интересот на студентите кон наука;
- Организирање и учествување во воннаставни активности;
- Информирање на студентите;
- Организирање на настани.
Како независно тело, ФССФФ остварува соработка со меѓународни и домашни организации и факултети, со цел реализација на различни проекти и кампањи. ФССФФ е горд член на Европската Асоцијација на студенти по фармација (EPSA), каде секоја година имаме студентски претставници кои учествуваат во проекти и настани на меѓународно ниво. До сега, нашите студенти колеги учествувале на конференции оддржани во: Базел, Швајцарија; Лион, Франција; Љубљана, Словенија, како и на многу други локации.
Студентското собрание има блиска соработка со Центарот за кариера на Фармацевтскиот факултет, како и со Центарот за кариера при УКИМ, преку кои нашите студенти добиваат широки можности за кариерно надоградување во најголемите фармацевтски компании во Северна Македонија.