Услови за запишување и заверување на професионална практика:
Студентот може да ја запише и да ја започне професионалната практика откако ќе ги има ислушани сите предмети според студиската програма, заклучно со 9-ти семестар и ке има стекнато 240 ЕКТС. Професионална практика се обавува во аптека отворена за јавност или во болничка аптека, 30 ч /неделно во трење од 6 месеци.
Студентот самостојно и по електронски пат го прави изборот на аптека во која ќе ја обавува професионалната практика врз основа на претходно понудена листа на јавни аптеки што ги задоволуваат предвидените услови. Во тек на реализирањето на професионалната практика студентот е под постојан надзор на својот едукатор (фармацевт кој е избран за стручњак од пракса од страна на Наставно научниот совет на УКИМ Фармацевтски факултет – Скопје). При изведувањето на професионалната практика студентот секојдневно води дневник кој на крајот од секоја работна недела го заверува едукаторот а после завршувањето на предвидениот период за професионална практика дневникот го прегледува и оверува менторот (наставник од УКИМ Фармацевтски факултет – Скопје). Успешно реализираната професионална практика ја оверува координаторот за професионална практика со потпис во индексот на студентот.