Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Фармацевтски факултет –Скопје распишува оглас за пријавување на кандидати за специјализации по следниве гранки на специјализација:
A. Приватни специјализации
- Испитување и контрола на лекови 9 места
- Клиничка фармација 3 места
- Токсиколошка хемија 4 местa
- Фармакогнозија 3 места
- Фармацевтска технологија 2 места
- Фармакоинформатика 7 места
- Санитарна хемија 1 место
- Аптекарска практика 10 места
Заинтересираните кандидати согласно член 141 од Законот за здравствена заштита треба да ги исполнуваат следниве услови: завршена пробна работа, положен стручен испит и лиценца за работа.
Кандидатите заедно со барањето за специјализација треба да ја достават следната документација:
- уверение за завршен Фармацевтски факултет
- уверение за положен стручен испит,
- лиценца за работа,
- македонско државјанство.
Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар во архивата на Факултетот или преку пошта на следнава адреса УКИМ Фармацевтски факултет-Скопје ул. Мајка Тереза бр. 47, Скопје. Огласот трае 30 дена сметано од денот на неговото објавување.
За дополнителни информации:
Тел. 02-3126032/121
e-mail:bema@ff.ukim.edu.mk
(Огласот е објавен во весниците Нова Македонија и Коха на 02.04.2019)
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Фармацевтски факултет-Скопје