Menu Close

ИНТЕРЕН КОНКУРС

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ
ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

Врз основа на член 2 од Одлуката за доделување на стипендии на редовни студенти од прв циклус студии на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј”  во Скопје од Фондацијата ,,Атанас Близнакоф” бр. 12-276/3 од 15.02.2019, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” Фармацевтски факултет – Скопје распишува

ИНТЕРЕН КОНКУРС

За доделување 5 (пет) стипендии на редовни студенти од прв циклус студии запишани на Универзитет ,,Св. Кирил и МетодијФармацевтски факултет – Скопје од

Фондацијата ,,Атанас Близнакоф

1.Право на учество на конкурсот

Право на учество на конкурсот имаат студенти кои:

  • се запишани на Фармацевтскиот факултет – Скопје на прв циклус студии кои со почетокот на учебната 2018/2019 запишале најмалку трет редовен семестар (се докажува со потврда за редовен студент),
  • имаат постигнато просечен успех од првата до тековно запишаната студиска година од најмалку 8,00 (се докажува со уверение за положени испити)
  • материјално е помалку обезбеден (се докажува со потврда од Управа за јавни приходи),
  • не е корисник на друга стипендија (се докажува со изјава од студентот дека не е корисник на друга стипендија)

2. Критериуми за рангирање/селекција на кандидатите

Критериуми за селекција на кандидатите се:

  • материјална состојба (најмногу 60 бода),
  • постигнат успех во студирањето (најмногу 40 бода)

Рангирањето на кандидатите се врши врз основа на остварени бодови кои можат да бидат најмногу 100.

3. Потребни документи

  • Пријава (образец бр. 1);
  • биографија (CV);
  • уверение за положени испити, од почетокот (првиотсеместар) на студиите;
  • потврда од факултетот дека семестрите се редовно запишани, без презапишување на семестар;
  • уверение со бројот на предвидените и положените испити од претходните семестри;
  • потврди за остварена плата на вработените членови на семејството  за последната исплатена плата за оваа година, односно за пензионираните членови на семејството, да се достави документ за висината на пензијата – чек; за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или од друга институција;
  • уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи з претходната година за двајцата родители – старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат;
  • изјава од кандидатот дека не е корисник на друга стипендија (образец бр. 2);
  • изјава од кандидатот за вистинитоста на доставените документи и податоци (образец бр. 3);
  • изјава за согласност за обработка и  користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (образец бр. 4);
  • изјава за бројност на членовиво потесно семејство на кандидатот(образец бр. 5).

Обрасците можат да се најдат на веб страната или во архивата на Факултетот. Потребните документи се доставуваат во оригинал и копија. По завршување на конкурсот оригиналите ќе бидат вратени на кандидатите.

4.Склучување на договор за стипендија

Студентите кои на ранг листата ќе имаат најмногу бодови и за кои ќе биде донесена Одлука за избор на студенти за стипендирање од Факултетот потврдена од Фондацијата ,,Атанас Близнакоф” ќе склучат договор за стипендирање со Фондацијата за месечна стипендија од 6.000,00 ден. почнувајќи од месец октомври до месец јули. Правото на користење на стипендијата трае доколку редовно се исполнуваат условите заклучно со завршувањето на студиите од првиот циклус.

5.Поднесување пријави

Пријавите, со потребната документација, се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на веб страната и на огласната табла на Факултетот.

Документите се поднесуваат во Архивата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, или по пошта, на следнава адреса: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Фармацевтски факултет – Скопје, ул. Маjка Тереза бр 47, Скопје со назнака за интерен конкурс за стипендии.

Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавување на веб страната и на огласната табла на Факултетот.

03.04.2019