Menu Close

Презентација на Ново Нордиск за остваување на практиканство

На 11 април 2019 (четврток) во предавална 3 на Фармацевтскиот факултет, Скопје, од 14 часот, претставници на Ново Нордиск Фарма ДООЕЛ ќе имаат презентација за можностите за остварување практиканство во Ново Нордиск.

Целта на презентацијата е запознавање на студентите со дејноста на Ново Нордиск, обемот и видот на задачи кои студентите би ги извршувале во тек на практиканството, начинот и условите за аплицирање, како и бенефитот кој студентите би го стекнале во поглед на своите знаења и способности со остварување на практиканството и секако, проширување на кариерните можности за студентите со стекнато практично искуство.

Сите заинтересирани студенти се добредојдени!
Ви благодарам на соработката,

Искрено,

Центар за кариера
Фармацевтски факултет, Скопје