Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фармацевтски факултет во Скопје и Шангајскиот Институт за Материја Медика
Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпиша меморандум за соработка со еминентната Институција од Народна Република Кина, Шангајскиот Институт за Материја Медика, при Кинеската Академија за науки. Меморандумот за соработка претставува продолжување на веќе воспоставената проектна соработка помеѓу двете Институции на полето на науката и едукацијата. Девете Институции се согласија да соработуваат на повеќе заеднички полиња, како што се размена на студенти и наставно-научен кадар, да работат заеднички научно-истражувачки проекти и да организираат заеднички стручни и научни симпозиуми, да разменуваат знаења, публикациии, научни податоци, да публикуваат резултати од сопствени и од заеднички истражувања, како и да вршат други активности и дејствија од заеднички интерес.
Меморандумот е потпишан од страна на Деканот на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Проф. д-р Светлана Кулеванова и заменик Директорот на Институтот за Материја Медика од Шангај, проф. Јанг Је.
На настанот свое обраќање покрај Деканот на Фармацаевтскиот факултет, имаа и Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Проф. Д-р Никола Јанкуловски и Проректорот за финансии и инвестиции, Проф. д-р Биљана Ангелова, кои дадоа голема поддршка на Фармацевтскиот факултет во Скопје во вопоставувањето и понатамошното продлабочување на оваа соработка. Обраќањата на кинеските партнери, Проф. Јанг Је, заменик Директор на Институтот за Материја Медика во Шангај и г-ѓа Јинг Ванг, Директор на Центарот за унапредување на наука и развој и инвестиции во Шангај, кои во своето обраќање се осврнаа на местото и улогата која соработката од ваков вид ја има во Програмата „16 плус 1“, што е дел од иницијативата „Еден појас еден пат“.
Проф.д р- Светлана Кулеванова
Декан на Фармацевтски факултет – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје