С О О П Ш Т Е Н И Е
За префрлување на студенти на студиските програми на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје од факултетот, друга единица (факултет) на УКИМ или друг универзитет
Студентите од Фармацевтскиот факултет при УКИМ, друга единица (факултет) на УКИМ или друг универзитет кои сакаат да се префрлат на една од студиските програми на Фармацевтскиот факултет-УКИМ во Скопје, можат да се пријават во периодот од 01.08.2019 до 01.09.2019 година од 12 до 14 часот, во студентската служба на Фармацевтскиот факултет-УКИМ во Скопје.
Потребни документи за пријавување:
- Молба (барање)
- Индекс (оригинал за увид и копија)
- Уверение со оцени (оригинал за увид или копија заверена на нотар)
- Потврда дека сте редовен студент
- Наставна програма од факултетот од кој се префрлуваат (заверена со печат и потпис)
- За кандидатите кои се префрлаат на истата студиска програма, уплатница од 2000 денари на жиро сметка на Фармацевтски факултет објавена на веб страната на факултетот, со цел на дознака:
- Префрлување од друг факултет/универзитет (за кандидати кои се префрлаат од друг Универзитет или факултет на УКИМ)
- Префрлување на нова студиска програма (кандидати кои се префрлуваат од стара на нова студиска програма)
- Kандидатите кои се префрлаат од студиската програма магистер по фармација на студиската програма лабораториски биоинженер или на студиската програма за диететика и диетотерапија, уплатница од 3000 денари на жиро сметка на Фармацевтски факултет објавена на веб страната на факултетот, со цел на дознака:
- Промена на студиска програма (кандидати кои се префрлуваат од студиската програма магистер по фармација на студиската програма лабораториски биоинженер или од студиска програма за лабораториски биоинженер на студиска програма за диететика и диетотерапија)
Од Студентска служба
С О О П Ш Т Е Н И Е
За студентите кои добиле согласност за префрлување на Фармацевтскиот факултет-УКИМ во Скопје од факултетот, друга единица (факултет) на УКИМ и друг универзитет
По објавување на резултатите од еквиваленција на предметните/студиските програми, префрлените кандидати треба да ги достават следните документи за запишување на Фармацевтски факултет –Скопје:
- Индекс и студентска легитимација (со 3 слики – две исти, за индекс и досие и една помала за студентска легитимација)
- Пополнет образец за запишување на семестар со уплата за школарина
- Пополнет образец за државен завот за статистика за 2019/20 год
Потребните документи студентите да ги достават во студентската служба во рокот додека трае уписот и на веке запишаните студенти.
(За дополнителни уплати и документи ќе Ви биде објаснето во службата).
Од Студентска служба