Запишување на примените кандидати ќе се врши на 11 септември од 8:30 до 14:30 часот во предавална 2 на Фармацевтскиот факултет.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ
МАГИСТЕР ПО ФАРМАЦИЈА,
ЛАБОРАТОРИСКО БИОИНЖЕНЕРСТВО И
ДИЕТЕТИКА И ДИЕТОТЕРАПИЈА
НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ СКОПЈЕ,
ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2019-2020 ГОДИНА
- Индекс и студентска легитимација (од книжара);
- Три фотографии (две со димензии 3,5 х 4,5 за индекс и досие и една 2х3 за студентската легитимација);
- Образец за запишување семестар (целосно пополнет) (од книжара);
- Статистички образец ШВ-20 целосно пополнет (од студентска служба);
- Потврда за уплатени:
- 100 ЕУР во денарска противвредност (6.150 денари) со задолжително внесување цел на дознака: прва рата државна квота за студентите запишани во државна квота
- 200 ЕУР во денарска противвредност (12.300 денари) со задолжително внесување цел на дознака: прва рата кофинансирање на студииза студентите запишани во квота со кофинансирање на студиите
- Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
Назив на примачот: УКИМ – Фармацевтски факултет, Скопје
Банка на примачот: НБРМ
Сметка: 100 0000000630 95
Износ: 6.150 ден. за студенти во државна квота или
12.300 ден. за студенти со кофинансирање
Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
Приходна шифра и програма: 723 012 41 начин: 2
- Потврда за уплатени 1600 денари со цел на дознака: солидарна одговорност, книжен фонд, електронски услуги и осигурување, на образец ПП50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
- Назив на примачот: УКИМ – Фармацевтски факултет, Скопје
Банка на примачот: НБРМ
Сметка: 100 0000000630 95
Износ: 1600 денари
Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
Приходна шифра и програма: 723 013 41 начин: 2
- Назив на примачот: УКИМ – Фармацевтски факултет, Скопје
- Потврда за уплатени 750 денари со цел на дознака: ИКСА на УКИМ за Фармацевтски факултет образец ПП 50 на жиро сметка на Ректоратот на УКИМ со следните податоци:
- Назив на примачот: Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје (УКИМ)
Банка на примачот: НБРМ
Сметка: 100 0000000630 95
Износ: 750 денари
Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
Приходна шифра и програма: 723012 41 начин 2
- Назив на примачот: Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје (УКИМ)
НАПОМЕНА:
- Првите 10 кандидати на конечната ранг – листи на примени кандидати СО ЗАВРШЕНА ДРЖАВНА МАТУРА, во категоријата редовни студенти, во првиот уписен рок во академската 2019/20 година се ослободени од плакање партиципација за првата учебна година.
- Кандидатите примени во квота со кофинансирање потпишуваат изјава за кофинансирање на студии (се подига од студентски прашања при поднесување на документи за запишување на примените кандидати)
- Примените кандидати потпишуваат договор за студирање според квотата во која се примени на Фармацевтскиот факултет
Фармацевтски факултет – Скопје