По Конкурсот за запишување студенти за во ПРВА година на студиските програми на ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје, во учебната 2019/2020 во Втор уписен рок ќе се запишат следниот број на студенти:
- На студиска програма Магистер по фармација (10 семестри – петгодишни интегрирани студии од прв и втор циклус) ке се запишат 21 студенти во редовна квота со кофинансирање на студиите од 400 ЕУР годишно. (линк за изборни предмети од матура)
- На студиска програма Лабораториски биоинжинер (6 семестри – тригодишни студии од прв циклус) ке се запишаат 2 студенти во редовна квота со кофинансирање на студиите од 400 ЕУР годишно. (линк за изборни предмети од матура)
- На студиска програма Диететика и диетотерапија (6 семестри – тригодишни студии од прв циклус) ке се запишаат 8 студенти во редовна државна квота со партиципација од 200 ЕУР и 25 студенти во редовна квота со кофинансирање на студиите од 400 ЕУР годишно. (линк за изборни предмети од матура)
ПРАВО НА УПИС ИМААТ
- Кандидати кои положиле државна или меѓународна матура ( гимназиско или средно стручно образование во траење од 4 години)
- Кандидати кои завршиле 4 годишно образовние во претходните учебни години (пред учебната 2007/08) кои не полагале дравна матура (важни предмети се хемија и биологија)
- Кандидати со завршено високо или вишо образование на сроден факултет (Мадицински и Стоматолошки) до 10% од вкупниот број редовни студенти утврден во Конкурсот (овие кандидати се запишуваат надвор од квота , и се запишуваат во квота со кофинансирање на студии).
- Кандидати со завршена меѓународна матура.
- Кандидати државјани на РСМ со завршено дел од средно образование во странство.
- Кандидати со завршено приватно средно училиште во РМ
- Кандидати припадници на безбедносните сили и други категории на лица утврдени со Закон за посебни права и лица утврдени со одредбата од чл. 23 од истиот Закон (до 10 % од вкупниот број студенти на соодветната студиска програма).
- Кандидатите со завршено целокупно средно образование во странство – иселеници и државјани на РМ (ги поднесуват документите во Ректоратот на УКИМ)
- Странски државјани (ги поднесуват документите во Ректоратот на УКИМ).
Напомена:
– Кандидатите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 документите за упис (оригинали) ги поднесуваат во просториите на ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ
– Кандидатите под реден број 8 и 9, односно странските државјани и кандидати иселеници и државјани на РМ со завршено целокупно средно образование во странство потребните документи за упис (нострифицирани свидетелства за образованието завршено во странство) ги поднесуваат во РЕКТОРАТОТ на УКИМ (глава VII точка а и точка б.1 од Конкурсот на УКИМ за 2019-20 година)
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ
втор рок | трет рок | ||
Пријавување на кандидатите | 12 и 13.09.2019 | 25.09.2019 | 8:30 до14:00ч. Пред.2 |
Објавување резултати од успехот од средно образование | 16.09.2019 | на веб страна www.ff.ukim.edu.mk | |
Објавување решение за прием на кандидатите | 20.09.2019 | на веб страна www.ff.ukim.edu.mk | |
Запишување на примените кандидати | 24.09.2019 | 30.09.2019 | 8:30 до 14:00ч. Пред.2 |
ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пред поднесување на документи во роковите утврдени со Конкурсот секој заинтересиран кандидат задолжително треба да се регистрира и да пополни електронска пријава на www.upisi.ukim.mk. Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот за електронско пријавување треба да се внесе и во пријавата за запишување (хартиена верзија образец А1).
При пријавување за запишување на Фармацевтски факултет кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Пријава за запишување, образец А1 (од книжара)
- Електронска пријава (испечатена од електронското пријавување на www.upisi.ukim.mk)
- Оригинални свидетелства од сите години
- Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- Извод од матична книга на родените (оригинал без оглед на датумот на издавање)
- Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
- Припадниците на безбедносните сили, членовите на нивните семејства и други категории на лица утврдени со Законот за посебните права на денот на упис доставуваат документ од соодветниот орган (Дополнително доставување на документи не се признава)
- Потврда за уплатени 300,00 денари на образец ПП50 на следната жиро сметка:
Назив на примач: | Фармацевтски факултет |
Банка на примач: | НБРМ |
Цел на дознака: | пријавување за упис на УКИМ – Фармацевтски факултет Скопје |
Трансакциска сметка: | 100000000063095 |
Сметка на буџетски корисник: | 1600104553 788 12 |
Приходна шифра и програма: | 723013 41 начин 2 |
ЗАБЕЛЕШКА: Бидејки пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби.