Menu Close

Оглас за прием на кандидати за специјализации на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Фармацевтски факултет, Скопје

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Фармацевтски факултет – Скопје распишува оглас за пријавување на кандидати за специјализации по следниве гранки на специјализација:

А. Државни специјализации

  • Санитарна хемија —– 2 места
  • Испитување и контрола на лекови —– 1 место
  • Токсиколошка хемија —– 1 место

Б. Приватни специјализации

  • Клиничка фармација —– 3 места
  • Токсиколошка хемија —– 3 местa
  • Фармакогнозија —– 3 места
  • Фармакоинформатика —– 8 места
  • Санитарна хемија —– 3 местo
  • Аптекарска практика —– 8 места
  • Фармацевтска технологија —– 1 место

Заинтересираните кандидати согласно член 141 од Законот за здравствена заштита треба да ги исполнуваат следниве услови: завршена пробна работа, положен стручен испит и  лиценца за работа.

Кандидатите заедно со барањето за специјализација треба да ја достават следната документација:

  • уверение за завршен Фармацевтски факултет
  • уверение за положен стручен испит,
  • лиценца за работа,
  • македонско државјанство.

Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар во архивата на Факултетот или преку пошта на следнава адреса УКИМ Фармацевтски факултет-Скопје ул. Мајка Тереза бр. 47, Скопје. Огласот трае 30 дена сметано од денот на неговото објавување.

За дополнителни информации:
Тел. 02-3126032/121
e-mail:bema@ff.ukim.edu.mk

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Фармацевтски факултет – Скопје