Menu Close

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР И ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА

Запишувањето на летниот семестар (2-ри, 4-ти, 6-ти, 8ми и 10-ти сем.) и заверка на зимскиот семестар (1-ви, 3-ти, 5-ти, 7-ми и 9-ти) за учебната 2019-2020 година ќе се врши во ЕЛЕКТРОНСКА и во МАТЕРИЈАЛНА ФОРМА, во периодот од 03.02.2020 до 14.02.2020 година. По електронското запишување на семестарот студентите ги поднесуваат потребните документи на шалтерот на факултетот или во соодветно обележаните кутии по семестри во холот на факултетот.

Студентите, задолжително да направат :

  • ЕВАЛУАЦИЈА,
  • Електронски упис на летниот семестар во iKnow системот,
  • ПРИ УПИС НА СЕМЕСТАРОТ во iKnow СИСТЕМОТ, ПОТРЕБНО Е ДА ГИ ВНЕСЕТЕ СИТЕ ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ и ПРЕДМЕТИ ЗА УПИС (Доколку неможете да запишете соодветен предмет а имате исполнето услов за запишување напишете коментар зошто неможете да го запишете).

ВАЖНО: Студентите кои нема да направат ЕВАЛУАЦИЈА нема да можат да го запишат семестарот.

При запишување на предметите студентите најпрво ги запишуваат неположените а ислушани предмети од претходни летни семестри, потоа запишуваат предмети за кои стекнале услов по прв пат да ги слушаат. Максимум може да запишат 35 ЕКТС кредити. Студентите со просечен успех над 8,5 може да запишат 40 ЕКТС кредити.

Во исто време се врши и заверка на зимски семестар за учебната 2019-20 година со поднесување на соодветен образец за заверка.

Студентите запишани во државна квота,(без разлика на година на упис) доколку запишат предмет по трет пат преминуваат, односно го продолжуваат студирањето до крајот на студиите во квота со кофинансирање. Овие студенти поднесуваат барање(молба) до студентската служба за продолжување на студиите во квота со кофинансирање и потпишуваат содветни документи за промена на квота. Истото важи и за студентите запишани од 2013/14 година па наваму кои не положиле 50% од запишаните (КРЕДИТИ) во одреден семестар, до почетокот на наредниот соодветен семестар (зимски односно летен).

Студентите запишани од 2014/15 па наваму доколку презапишуваат предмети покрај уплатата за кредити треба да уплатат и по 1200 денари од предмет на жиро сметка на Фармацевтски факултет но на посебна уплатница не заедно со школарината на приходна шифра 723013-41 на која ке назначите за колку предмети уплаќате. Ова важи и за сите странски студенти.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН И ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2019-20 година ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ:

  1. Индекс, образец за заверување на семестар, образец за запишување на семестар, уплатница за платена школарина на жиро сметка на Фрмацевтски факултет .
  2. Во индексот потребно е да ги имате сите потписи од предметите што сте ги слушале во зимскиот семестар без разлика дали имате електронски потпис. Предметите што ќе ги преслушувате и слушате во летниот семестар, треба да бидат напишани во индексот и во образецот за запишување на летниот семестар .
  3. Образецот за заверка на семестар треба да биде читко пополнет со предметите што сте ги слушале во зимскиот семестар за кои имате право на потпис и потпис во индексот како и имињата на професорите од кои имате потпис. Доколку немате право на потпис по одреден предмет, тој предмет нетреба да го пишувате во образецот за заверување на семестарот.
  4. Образецот за запишување на семестар треба да биде пополнет со предмети што ќе ги презапишувате (доколку ги имате) и предмети што сте стекнале услов да ги слушате во летниот семестар.
  5. Предметите кои ќе ги запишете во образците за заверување на зимскиот односно запишување на летниот семестар, треба да се идентични со предметите кои сте ги запишале во индексот и електронски во iKnow системот за заверување/запишување на семестарот.
  6. Доколку пополнетите предмети не се идентични во образците за заверка и упис со тие во индексот и електронскиот упис во iKnow системот ќе се смета за упис после рок и ќе треба да уплатите казна за ненавремено запишување на семестарот.

ПРИЛОГ НА УПЛАТНИЦИ:

1. Потврда за уплатена рата за партиципација/кофинансирање според следната табела:

Уплата за Државна квота (партиципација)Кофинансирање
Студенти запишани ДО учебната 2009/10 3,33 ЕУР (205 ден.) по кредит 16,66 ЕУР (1025 ден) по кредит
Студенти запишани ОД учебната 2010/11 3,33 ЕУР (205 ден.) по кредит 6,66 ЕУР (410ден.) по кредит
Странски студенти запишани со 1400ЕУР 23,33ЕУР (1435 ден) по кредит се уплаќа на сметка на РЕКТОРАТ
Странски студенти запишани со 1500ЕУР 25 ЕУР (1537,5 ден) по кредит се уплаќа на сметка на РЕКТОРАТ
Презапишување на предмет 1200 денари од предмет Уплаќаат студенти запишани од 2014/2015 година Се уплаќа на Ж/ска на фармацевтски факултет приходна шифра 723013-41

Студенти запишани по стара програма ПРЕД учебната 2009/10 год. кои не платиле партципација за 10 семестри плакаат: во државна квота 100 ЕУР (6.150 ден.) по семестар, и 500 ЕУР (30.750 ден.) по семестар запишани со кофинансирање

Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
Банка на примачот: НБРМ
Сметка 100 0000000630 95
Износ (пресметано според табела дадена во прилог 1.)
Сметка на буџетски корисник 1600104553 788 12
Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
Во цел на дознака (задолжително да напишете за колку кредити уплаќате во државна квота/ кофинансирање)Пример: Уплата за 30 кр. во државна квота или уплата за 35 кредити во квота со кофинансирање).

Уплатата за презапишување се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
Банка на примачот: НБРМ
Сметка 100 0000000630 95
Износ (пресметано според табела дадена во прилог 1.)
Сметка на буџетски корисник 1600104553 788 12
Приходна шифра и програма 723 013 41 начин 2
Во цел на дознака (задолжително да напишете за колку предмети уплаќате).

 Важи за сите студенти државјани на Р.С.М и странски студенти.

Странските студенти уплатата за партиципација/кофинансирање ја вршат на образец ПП 50 на жиро сметка на РЕКТОРАТОТ и ги содржи следните податоци:
Назив на примачот: УКИМ
Банка на примачот: НБРМ
Сметка 100 0000000630 95
Износ (пресметано според табела под точка 1.)
Сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18
Приходна шифра и програма 723 012 41 начин
Во цел на дознака (задолжително да напишете партиципација за колку кредити уплаќате во државна квота / кофинансирање)

2. Студентите кои немаат стекнато услов за слушање на предмети во летниот семестар, а кои имаат право за полагање на предметите од зимскиот семестар како и студенти кои завериле 10-ти семестар, а имаат предмети за полагање и бранење на дипломски труд, го запишуваат/регистрираат семестарот. За таа цел студентите поднесуват индекс, образец за заверување и запишување на семестар. Како и уплатница од 1000 денари на жиро сметка на Фармацевтски факултет дадена во прилог 1 ( со цел на дознака за регистрација на семестар).

3. Дололку студентот не го изврши навреме електронскиот и уписот во материјална форма должен е да уплати за запишување и заверка на семестар по рок (500 за заверка и 500 за упис на семестар) на жиро сметка на факултетот, со назнака заверка и упис после рок. Оправдано е запишување на семестар по рок, за студенти кои полагаат само условен предмет за кој немаат добиено резултати во рокот предвиден за запишување на семестар.

Напомена: Бидејки документите се оставаат во кутии во холот на факултетот сите некомплетни документи, (несоодветно и нецелосно пополнети од страна на студентот ,како и несовпаѓање со електронски запишаните предмети во iKnow) ќе се смета за запишување на семестарот после рок.

 Од
 Студентската служба