О Г Л А С
За прием на кандидати за специјализации на УКИМ Фармацевтски факултет-Скопје
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Фармацевтски факултет – Скопје распишува оглас за пријавување на кандидати за специјализации по следниве гранки на специјализација:
А. Државни специјализации
- Фармацевтска технологија 1 место
- Клиничка фармација 1 место
- Токсиколошка хемија 1 место
Б. Приватни специјализации
- – Клиничка фармација 10 места
- – Токсиколошка хемија 8 местa
- – Фармакогнозија 3 места
- – Фармакоинформатика 17 места
- – Санитарна хемија 13 местa
- – Фармацевтска технологија 2 местa
- – Испитување и контрола на лекови 24 места
- – Аптекарска практика 10 места
Заинтересираните кандидати согласно член 141 од Законот за здравствена заштита треба да ги исполнуваат следниве услови: завршена пробна работа, положен стручен испит и лиценца за работа.
Кандидатите заедно со барањето за специјализација треба да ја достават следната документација:
- уверение за завршен Фармацевтски факултет
- уверение за положен стручен испит,
- лиценца за работа,
- македонско државјанство.
Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар во архивата на Факултетот или преку пошта на следнава адреса УКИМ Фармацевтски факултет-Скопје ул. Мајка Тереза бр. 47, Скопје. Огласот трае 30 дена сметано од денот на неговото објавување.
За дополнителни информации:
Тел. 02-3126032/121
e-mail:bema@ff.ukim.edu.mk
УКИМ – Фармацевтски факултет во Скопје