Дали фармацевтите се заборавените здравствени работници?
Почитувани колеги
Во време на пандемијата предизвикана од SARS-Cov-19 кога целото винамние на светската јавност е насочено кон фармацевтската професија во очекување на вакцина/лек за превенција/третман на COVID-19, на глобално ниво се поставува прашањето: Дали фармацевтите се заборавените здравствени работници?
Центарот за континуирана едукација и Националниот фармакоинформативен центар при Фармацевтскиот факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започнуваат со серија на истражувања за согледување на Улогата и активностите на фармацевтите во во Р.С. Македонија во периодот на COVID-19 пандемија.
За целите на истражувањата се изготвени два анкетни прашалници:
- Едниот прашалник е индивидуален и може да го пополни секој фармацевт кој би сакал да допринесе во Согледување на проблемите кои влијаат на фармацевтите при одговорот на пандемијата на КОВИД-19, како фармацевтите и професионалните тела реагираат на пандемијата и каква поддршка сметаат дека би била корисна.
- Прашалникот за фармацевтите е достапен на следниот линк:
https://www.surveymonkey.com/r/S5QL99D
- Прашалникот за фармацевтите е достапен на следниот линк:
- Другиот прашалник е наменет за аптеките со цел да се согледа Улогата и активностите на фармацевтите во аптеките во Р.С. Македонија во периодот на COVID-19 пандемија
- Прашалникот за аптеките ќе биде испратен директно на е-mail aдресите наведени во регистерот на аптеки достапен на lekovi.zdravstvo.gov.mk
- Овој прашалник се однесува на динамиката и карактерот на работата во конкретната аптека и треба да биде пополнет од одговорниот за аптеката.
НАПОМЕНА: Во случаите каде повеќе различни аптеки користат иста e- mail адреса ( пр. Аптека 1, Аптека 2, Аптека 3 со е-маил адреса: аптека@apteka.com.mk), од исклучително значење е да се одговори прашалникот за секоја одделно (не сумарно за сите).
*Доколку не го добиете прашалникот на e-mail адресата на аптеката заради непредвидени технички проблеми (пр. промена на e-mail адреса, прашалникот не се отвара и сл.), а сакате да учествувате во истражувањето Ве молиме да не контактирате на cke@ff.ukim.edu.mk.
Ви благодариме на учеството и вашиот придонес во истражувањето.