С О О П Ш Т Е Н И Е
За префрлување на студенти на студиските програми на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје од факултетот, друга единица (факултет) на УКИМ и друг универзитет
Студентите од Фармацевтскиот факултет при УКИМ, друга единица (факултет) на УКИМ или друг универзитет кои сакаат да се префрлат на една од студиските програми на Фармацевтскиот факултет-УКИМ во Скопје, можат да се пријават во периодот од 17. 08. 2020 до 01. 09. 2020 година од 12 до 14 часот, во студентската служба на Фармацевтскиот факултет-УКИМ во Скопје.
Потребни документи за пријавување:
- Молба (барање)
- Индекс (оригинал за увид и копија)
- Уверение со оцени (оригинал за увид и копија)
- Потврда дека се редовни студенти
- Наставна програма од факултетот од кој се префрлуваат (заверена со печат и потпис)
- За кандидатите кои се префрлаат на истата студиска програма, уплатница од 2000 денари на жиро сметка на Фармацевтски факултет објавена на веб страната на факултетот, со цел на дознака:
- Префрлување од друг факултет/универзитет (за кандидати кои се префрлаат од друг Универзитет или факултет на УКИМ)
- Префрлување на нова студиска програма (кандидати кои се префрлуваат од стара на нова иста студиска програма)
- Во овој период студентите кои биле на ЕРАЗМУС ги поднесуваат горенаведените документи за еквиваленција на предметите кои ги положиле/слушале
- За кандидатите кои се префрлаат од студиската програма магистер по фармација на студиската програма лабораториски биоинженер, или на студиската програма за диететика и диетотерапија, уплатница од 3000 денари на жиро сметка на Фармацевтски факултет објавена на веб страната на факултетот, со цел на дознака:
- Промена на студиска програма (кандидати кои се префрлуваат од студиската програма магистер по фармација на студиската програма лабораториски биоинженер, или на студиска програма диететика и диетотерапија)
- Промена на студиска програма (кандидати кои се префрлуваат од студиската програма лабораториски биоинженер, на студиска програма диететика и диетотерапија)
- Во овој период се пријавуваат и сите останати студенти кои не ги завршиле студиите поради било кои причини, а и оние на кои времето за завршување им истекло( студенти запишани до 2009 и 2009 / 2010 година) доколку не дипломираат заклучно со септемвриска испитна сесија во овој период потребно е да поднесат барање за префрлување на нова студиска програма.
Од Студентска служба