Menu Close

ИНФОРМАЦИЈА ЗА УПИС НА НОВИ СТУДЕНТИ НА УКИМ – ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ВО АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОДИНА

Информации поврзани со уписот на нови студенти за академската 2020/21 година може да добиете ако не контактирате на upisi2020@ff.ukim.edu.mk .

По Конкурсот (кликни тука за конкурс) за запишување студенти во ПРВА ГОДИНА на студиските програми на ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје, во учебната 2020/2021 година ќе се запишат следниот број на студенти:

  • На студиска програма Магистер по фармација (10 семестри – петгодишни интегрирани студии од прв и втор циклус) ке се запишат
  • На студиска програма ЛАБОРАТОРИСКИ БИОИНЖЕНЕР (6 семестри – тригодишни студии од прв циклус) ке се запишаат
  • На студиска програма ДИЕТЕТИКА И ДИЕТОТЕРАПИЈА (6 семестри – тригодишни студии од прв циклус) ке се запишаат

ПРАВО НА УПИС ИМААТ

  1. Кандидати кои положиле државна или меѓународна матура (гимназиско или средно стручно образование во траење од 4 години).
  2. Кандидати кои завршиле 4 годишно образовние во претходните учебни години (пред учебната 2007/08) кои не полагале дравна матура (важни предмети се хемија и биологија).
  3. Кандидати со завршено високо или вишо образование на сроден факултет (Мадицински и Стоматолошки) до 10% од вкупниот број редовни студенти утврден во Конкурсот (овие кандидати се запишуваат надвор од квота , и се запишуваат во квота со кофинансирање на студии).
  4. Кандидати со завршена меѓународна матура.
  5. Кандидати државјани на РМ со завршено дел од средно образование во странство.
  6. Кандидати со завршено приватно средно училиште во РСМ.
  7. Кандидати припадници на безбедносните сили и други категории на лица утврдени со Закон за посебни права и лица утврдени со одредбата од чл. 23 од истиот Закон (до 10 % од вкупниот број студенти на соодветната студиска програма).
  8. Кандидатите со завршено целокупно средно образование во странство – иселеници и државјани на РМ (ги поднесуват документите во Ректоратот на УКИМ).
  9. Странски државјани (ги поднесуват документите во Ректоратот на УКИМ).

Напомена:

  • Кандидатите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 документите за упис (оригинали) ги поднесуваат во електронска форма (pdf или jpg) во iKnow и на електронска адреса upisi-ff@ukim.edu.mk.
  • Кандидатите под реден број 8 и 9, односно странските државјани и кандидати иселеници и државјани на РМ со завршено целокупно средно образование во странство потребните документи за упис (нострифицирани свидетелства за образованието завршено во странство) ги поднесуваат во РЕКТОРАТОТ на УКИМ

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ

  прв рок втор рок трет рок  
Пријавување на кандидатите 31.08 и 01.09.2020 15 и 16.9.2020 28.9.2020 електронски на iKnow и на upisi-ff@ukim.edu.mk
Објавување резултати од успехот од средно образование 3.9.2020 18.9.2020   на веб страна www.ff.ukim.edu.mk
Објавување решение за прием на кандидатите 7.9.2020 21.9.2020   на веб страна www.ff.ukim.edu.mk
Запишување на примените кандидати 10. и 11.9.2020 25.9.2020 30.9.2020  

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пред терминот за пријавување, во роковите утврдени во претходната табела, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот, со што автоматски добива број за електронско пријавување.

Отакако кандидатот ќе ги пополни сите прозорци кои се отвараат на iKnow системот, системот автоматски ќе му овозможи да ги прикачи документите за пријавување (во pfg или во jpg формат), за што во системот ќе биде додадена дополнителна компонента за прикачивање на документите на кандидатите.

Откако ќе заврши пријавувањето во iKnow системот, кандидатот ја испраќа својата пријава и на: upisi-ff@ukim.edu.mk.
Во предмет (subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерира системот за електронско пријавување.

Во прилог на пријавата, треба да се прикачат скенирани следниве документи:

  1. пријава за запишување на факултетот, образец А1 (од книжара) и упата од 50 денари за административна такса
За уплата во банка: За електронска уплата:
Трансакциска сметка: 100000000063095
Уплатна сметка: 840 ххх 03161
(ххх код на општина каде живее студентот )
Приходна шифра и програма: 722313 00
(кликни тука за сметка за административна такса)
телефонски број за уплата: 144-166
содржина на порака: ТМ Име Презиме 50
(напишано на латиница)
  1. електронска пријава (сите документи генерирани од iKnow системот)
  2. изјава за веродостојност и точност на поднесените скенирани докумнети
  3. изјава дека не конкурирал/а на друг Универзитет
  4. оригинални свидетелства од сите класови
  5. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  6. извод од матичната книга на родените
  7. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  8. потврда за уплатени 300,00 денари на образец ПП50 на следната жиро сметка:
Назив на примач: Фармацевтски факултет
Банка на примач:НБРМ
Цел на дознака:пријавување за упис на УКИМ – Фармацевтски факултет Скопје
Трансакциска сметка:100000000063095
Сметка на буџетски корисник:1600104553 788 12
Приходна шифра и програма:723013 41 начин 2
  1. Припадниците на безбедносните сили, членовите на нивните семејства и други категории на лица утврдени со Законот за посебните права на денот на упис доставуваат документ од соодветниот орган (Дополнително доставување на документи не се признава).

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена.

Рангирање и селекција на кандидатите

Кандидатите, при електронско пријавување на три годишни студии, имаат можност освен за прв избор на студиска програма за која што конкурираат, да изберат и втора студиска програма, при пто доколку не успеат да бидат примени на првоизбраната програма системот автоматски ќе ги рангира во второизбраната. Истите ке бидат рангирани по кандидатите кои се веќе рангирани како примени на таа студиска програма како нивен прв избор, независно од бројот на поени.

При електронското пријавување, на кандидатите им е дадена и опција да одберат дали прифаќаат да студираат со кофинансирање, односно доколку кандидатот не успее да биде примен до државна квота, дали истиот ќе биде рангиран во квота со кофинансирање или нема воопшто да биде рангиран. Основен избор за оваа опција е НЕ, кандидатот треба да направи дополнителен избор за ДА, доколку се согласи да биде рангиран во квота со кофинансирање.

По објавување на резултатите од прелиминарната листа за запишување на кандидатите, кандидатот има право на приговор на технички пропусти – грешки направени при пресметувањето на бодовите, во рок од 24 часа од објавување на резултатите. Приговорите се доставуваат на инстата електронска адреса (upisi-ff@ukim.edu.mk) со што во предмет на електронската пошта, кандидатот го внесува бројот на електронската пријава од iKnow системор и зборот „приговор“.

Комисијата, во рок од 24 часа по истекот на рокот за поднесување на приговори, ќе одлучи по приговорите и резултатот ќе го објави на огласна табла и на веб страната на Фармацевтски факултет.

Со објавувањето на конечната ранг листа за прием на студентите, конкурсната комисија ќе ги објави и роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поднесат оригиналните докумнети. Со цел обезбедување поголема заштита и на кандидатите и на вработените, оригиналните документи, документите за пријавување и документите за запишување, студентите треба да ги поднесат истовремено.

Распоредот за поднесување на докумнтите ќе биде дополнително објавен.

По објавување на резултатите од прелиминарната листа за запишување на кандидатите, кандидатот има право на приговор на технички пропусти – грешки направени при пресметувањето на бодовите, во рок од 24 часа од објавување на резултатите. Приговорите се доставуваат на инстата електронска адреса (upisi-ff@ukim.edu.mk) со што во предмет на електронската пошта, кандидатот го внесува бројот на електронската пријава од iKnow системор и зборот „приговор“.

Комисијата, во рок од 24 часа по истекот на рокот за поднесување на приговори, ќе одлучи по приговорите и резултатот ќе го објави на огласна табла и на веб страната на Фармацевтски факултет.

Со објавувањето на конечната ранг листа за прием на студентите, конкурсната комисија ќе ги објави и роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поднесат оригиналните докумнети. Со цел обезбедување поголема заштита и на кандидатите и на вработените, оригиналните документи, документите за пријавување и документите за запишување, студентите треба да ги поднесат истовремено.

Распоредот за поднесување на докумнтите ќе биде дополнително објавен.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ МАГИСТЕР ПО ФАРМАЦИЈА, ЛАБОРАТОРИСКО БИОИНЖЕНЕРСТВО И ДИЕТЕТИКА И ДИЕТОТЕРАПИЈА НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ СКОПЈЕ,
ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2020-2021 ГОДИНА

  1. Индекс и студентска легитимација (од книжара);
  2. Три фотографии (две со димензии 3,5 х 4,5 за индекс и досие и една 2х3 за студентската легитимација);
  3. Образец за запишување семестар (целосно пополнет) (од книжара);
  4. Статистички образец ШВ-20 целосно пополнет (од книжара);
  5. Потврда за уплатени:
    • 100 ЕУР во денарска противвредност (6.150 денари) со задолжително внесување цел на дознака: прва рата државна квота за студентите запишани во државна квота
    • 200 ЕУР во денарска противвредност (12.300 денари) со задолжително внесување цел на дознака: прва рата кофинансирање на студииза студентите запишани во квота со кофинансирање на студиите
    • Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
      • Назив на примачот: УКИМ – Фармацевтски факултет, Скопје
      • Банка на примачот: НБРМ
      • Сметка: 100 0000000630 95
      • Износ: 6.150 ден. за студенти во државна квота или 12.300 ден. за студенти со кофинансирање
      • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
      • Приходна шифра и програма: 723 012 41 начин: 2
  6. Потврда за уплатени 1600 денари со цел на дознака: солидарна одговорност, книжен фонд, електронски услуги и осигурување, на образец ПП50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
    • Назив на примачот: УКИМ – Фармацевтски факултет, Скопје
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка: 100 0000000630 95
    • Износ: 1600 денари
    • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
    • Приходна шифра и програма: 723 013 41 начин: 2
  7. Потврда за уплатени 750 денари со цел на дознака: ИКСА на УКИМ за Фармацевтски факултет образец ПП 50 на жиро сметка на Ректоратот на УКИМ со следните податоци:
    • Назив на примачот: Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје (УКИМ)
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка: 100 0000000630 95
    • Износ: 750 денари
    • Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
    • Приходна шифра и програма: 723 012 41 начин 2
НАПОМЕНА:
  • Првите 10 кандидати на конечната ранг – листи на примени кандидати, се ослободени од плакање партиципација за првата учебна година.
  • Кандидатите примени во квота со кофинансирање потпишуваат изјава за кофинансирање на студии (се подига од студентски прашања при поднесување на документи за запишување на примените кандидати)
  • Примените кандидати потпишуваат договор за студирање според квотата во која се примени на Фармацевтскиот факултет