Menu Close

Известување за заверка на зимски и упис на летен семестар 2020/2021 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ
ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ И УПИС НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2020/2021 ГОДИНА

Заверката на зимскиот семестар (1,3.,5,7 и 9-ти) за учебната 2020/2021 година како и уписот на летниот семестар (2,4,6,8,10-ти) за учебната 2020/2021 година ќе се врши во ЕЛЕКТРОНСКА и МАТЕРИЈАЛНА ФОРМА во периодот од 1.02 до 15.02.2021 година. Во овој период студентите запишани на сите студиски програми на УКИМ-Фармацевтски факултет задолжително е да направат електронски упис во iKnoW. По електронското запишување на семестарот студентите ги поднесуваат потребните документи во соодветно обележаните кутии по семестри во холот на факултетот, откако претходно ќе ги исполнат сите услови за заверка и упис на семестарот. Доколку индексот ви е потребен за оценка или потпис не го оставајте во сандачињата. Индексите заедно со обрасците може да ги оставите и покасно ( најдоцна до 29.02.2021 година.)

Студентите запишани на студиските програми за МАГИСТЕР ПО ФАРМАЦИЈА, ЛАБОРАТОРИСКО БИПОИНЖЕНЕРСТВО И ДИЕТЕТИКА И ДИЕТОТЕРАПИЈА кои нема да направат електронски упис во овој период семестарот ќе го запишуваат со казна за задоцнето пријавување.

Студентите кои нема да фатат услов за слушање на одреден предмет го презапишуваат истиот и за него покрај кредитите плаќаат и износ од 1200 денари за секој презапишан предмет. Овој износ го плаќаат студентите запишани од 2014/2015 година според условите со потпишаниот договор при запишување.

Студентите запишани во државна квота (без разлика на година на упис) доколку запишат предмет по ТРЕТ ПАТ преминуваат во квота со кофинансирање (важи за сите студенти) додека студентите запишани од 2013/2014 до денес, доколку не положат 50 % од запишаните кредити во зимскиот/летниот семестар до наредниот зимски /летен семестар поминуват во квота со кофинансирсње. Студентите кои поминуваат во квота со кофинансирање поднесуваат молба до службата за студентски прашања и потпишуваат договори кои ќе ги подигнат од службата за студентски прашања во определеното време за работа на шалтерот од 12-14 часот.

За заверка на зимскиот и упис на летниот семестар студентите потребно е да потполнат образец за заверка на зимскиот семестар (кој го пополнуваат со предмети за кои имаат право на потпис) и образец за упис на летниот семестар кој се пополнува со предмети за кои имате стекнато услов за слушање или ги преслушувате. Прво се запишуваат предметите кои ги преслушувате (доколку ги имате ) па предметите за кои имате стекнато услов за слушање во летниот семестар. Пополнетите образеци за заверка на зимскиот семестар и упис на летниот семестар треба да бидеат идентични со предметите во електронскиот индекс на iKnoW и со предметите напишани во индексот. Студентите можат да запишат најмногу 35 ЕКТС кредити во семестарот . Оние студенти кои имаат просек над 8,5 може да запишат најмногу до 40 ЕКТС кредити.

Образците за заверка на зимскиот и упис на летниот семестарот се поднесуваат заедно со индексот (откако ќе ги имате сите потписи во индексот) и уплатница за уплатена школарина на која задолжително ке напишете за кој семестар и за колку кредити уплаќате. СТРАНСКИТЕ СТУДЕНТИ ШКОЛАРИНАТА ЈА ПЛАЌААТ НА СМЕТКА НА РЕКТОРАТОТ.

Студентите кои имаат платено школарина со ваучер од 6000 денари потребно е да си го доплатат потребниот износ за школарината во државна квота 150 денари доколку запишуваат 30 ЕКТС кредити и 6300 денари денари во квота со кофинансирање. Доколку запишувате повеќе ЕКТС кредити ја уплаќаат разликата што теба да ја платите за запишување на семестарот.

1. Потврда за уплатена рата за партиципација/кофинансирање според табела прилог 1:

Уплата за Државна квота (партиципација) Кофинансирање
Студенти запишани ДО учебната 2009/10 3,33 ЕУР (205 ден.) по кредит 16,66 ЕУР (1025 ден) по кредит
Студенти запишани ОД учебната 2010/11 3,33 ЕУР (205 ден.) по кредит 6,66 ЕУР (410ден.) по кредит
Странски студенти запишани со 1400ЕУР 23,33ЕУР (1435 ден) по кредит –  се уплаќа на сметка на РЕКТОРАТ
Странски студенти запишани со 1500ЕУР 25 ЕУР (1537,5 ден) по кредит – се уплаќа на сметка на РЕКТОРАТ
Презапишување на предмет 1200 денари од предмет Уплаќаат студенти запишани од 2014/2015 година Се уплаќа на Ж/ска на фармацевтски факултет приходна шифра 723013-41

Школарината и преслушувањето се уплаќаат на образец ПП 50 на

  • Жиро сметка на ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ.
  • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка 100 0000000630 95
  • Износ (пресметано според табела дадена во прилог 1.)
  • Сметка на буџетски корисник 1600104553 788 12
  • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
  • Во цел на дознака (задолжително да напишете за колку кредити уплаќате во државна квота/ кофинансирање)Пример: Уплата за 30 кр. во државна квота или уплата за 35 кредити во квота со кофинансирање)

Странските студенти, студентите запишани преку Ректоратот,  школарината за упис на летниот семестар ја уплаќаат на жиро сметка на Ректоратот.

  • жиро сметка на РЕКТОРАТОТ
  • Назив на примачот: УКИМ
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка 100 0000000630 95
  • Износ (пресметано според табела дадена во прилог 1.)
  • Сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18
  • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин
  • Во цел на дознака (задолжително да напишете партиципација за колку кредити уплаќате во државна квота / кофинансирање)

Сите студенти (наши и странци ) уплатата за преслушување на предметите ја уплаќаат на следната жиро сметка на Фармацевтскиот факултет.

Уплатата за презапишување  (Преслушување на предмети)

  • жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
  • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка 100 0000000630 95
  • Износ (пресметано според табела дадена во прилог 1.)
  • Сметка на буџетски корисник 1600104553 788 12
  • Приходна шифра и програма 723 013 41 начин 2
  • Во цел на дознака (задолжително да напишете за колку предмети уплаќате

 Важи за сите студенти државјани на Р.С.М и странски студенти

Студентите кои немаат предмети за слушање во летниот семестар, а имаат предмети за полагање или одбрана на дипломски труд вршат регистрација на семестарот и ги поднесуваат истите образци за заверка на зимскиот и упис на летниот семестар . Овие студенти наместо школарина уплаќаат 1000 денари на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет за регистрација на семестарот.

Се известуваат сите студенти кои не ги завршиле студиите во определениот рок од 10 години за студиската програма МАГИСТЕР ПО ФАРМАЦИЈА и 6 одини студентите од студиската програма ЛАБОРАТОРИСКИ БИОИНЖЕНЕРИ потребно е да поднесат молба за префрлување на новите студиски програми како би можеле да ги довршат студиите, во спротивно немаат право на упис на семестар. Ова неважи за студентите кои имаат останато само Дипломски труд

Потребни документи за префрлување на новите студиски програми :

  • Молба или барање своерачно напишано
  • Уверение за положени испити
  • Потврда за префрлување
  • Уплатница од 2000 денари на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет.

Студентска служба