Почитувани студенти,
Како дел од наставата за предметот Фармацевтска ботаника, се организира теренска настава во периодот 30 Мај – 02 Јуни 2021. Ќе се престојува во одмаралиштето на МВР, Крани, цена на полн пансион 2700 денари (за 4 дена), цена на превоз за сите 4 денови изнесува 1000 денари.
- Прв ден – пристигнување и сместување
- Втор ден – НП Галичица ( собирање на растителни примероци) и искачување на врв Магаро 2254 мнв (факултативно)
- Трет ден – активности во Брајчино
- Четврти ден – Копанки, Национален парк Пелистер, враќање во Скопје
На оваа теренска настава може да се пријават студенти од втора и трета година и присуството не е задолжително. Теренската настава се бодува со 10 бода.
ЛИНК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: ТЕРЕНСКА НАСТАВА ФАРМАЦЕВТСКА БОТАНИКА 2021
За сите дополнителни прашања контактирајте не на e-mail.
Од Катедра