Почитувани студенти,
На ден 8 јуни (вторник) ќе се полага практичен испит по предметот Фармацевтска ботаника.
Практичниот испит ќе се полага со физичко присуство на 10 хербариумски примероци.
Исклучок се колегите кои се генерација 2018-2023, односно колегите од ланската генерација, кои заради состојбата со ковид немаа услови да доаѓаат со физичко присуство на вежби и да гледаат хербариумски примероци, практичниот испит ќе го полагаат со тест
Теоретскиот испит ќе се полага согласно објавениот распоред.
Времето на полагање ќе биде накнадно истакнато, во согласност со бројот на пријавени студенти.
Линк за пријавување:
Пријавувањето за полагање на практичниот испит трае најдоцна до 03.06.2021 (четврток) до 22:00 часот.
Од Катедра