Menu Close

ОГЛАС за прием на кандидати за специјализации на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје Фармацевтски факултет-Скопје

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј,, Скопје
ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ

Врз основа на член 148 и 149  од Законот за здравствената заштита (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21 и 122/21 и Програмата за изменување на Програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадри согласно со мрежата на здравствени установи (2019-2022) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 139/21), Фармацевтски факултет во состав на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува

О    Г    Л    А    С
за прием на кандидати за специјализации на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје Фармацевтски факултет-Скопје

Државни специјализации:

  1. Испитување и контрола на лекови – 4 места
  2. Фармацевтска технологија – 1 место
  3. Фармакоинформатика – 1 место
  4. Токсиколошка хемија – 1 место
  5. Санитарна хемија – 11 места

Заинтересираните кандидати согласно член 141 од Законот за здравствена заштита треба да ги исполнуваат следниве услови: завршена пробна работа, положен стручен испит и  лиценца за работа. Кандидатите заедно со барањето за специјализација треба да ја достават следната документација:

  • молба;
  • кратка биографија CV;
  • уверение за завршен Фармацевтски факултет;
  • уверение за положен стручен испит;
  • лиценца за работа;
  • македонско државјанство.

Заинтересираните кандидати за државната специјализација под реден број 5 може да аплицираат со уверение за завршен Фармацевтски факултет, Технолошки факултет-отсек прехранбена технологија,  Природно-математички факултет, отсек хемија-аналитичка биохемија, биологија-биохемиско физиолошка насока, Факултет за земјоделски наики и храна, студиска програма преработка на земјоделски производи-еко-земјоделска студиска програма, Биотехнички факултет.

Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар во архивата на Факултетот или преку пошта на следнава адреса УКИМ, Фармацевтски факултет-Скопје ул. Мајка Тереза бр. 47, Скопје.

Огласот трае 30 дена сметано од денот на неговото објавување.

За дополнителни информации:
Тел. 02-3126032/121
e-mail:bema@ff.ukim.edu.mk

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Фармацевтски факултет-Скопје