Menu Close

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН И УПИС НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2021/2022 ГОДИНА

Заверката на летниот семестар 2,4,6,8 и10 ти  за учебната 2020/2021 година како и уписот на зимскиот семестар 1,3.,5,7 и 9 ти за учебната 2021/2022 година ќе се врши во ЕЛЕКТРОНСКА и МАТЕРИЈАЛНА ФОРМА во периодот од 15.09 до 30.09.2021 година. Во овој период студентите запишани на сите студиски програми на УКИМ-Фармацевтски факултет задолжително е да направат електронски  упис во iKnoW. По електронското запишување на семестарот студентите ги поднесуваат потребните документи  во соодветно обележаните кутии по семестри во холот на факултетот, откако ке ги исполнат сите услови за заверка и  упис на семестарот. Доколку индексот ви е потребен за оцена или потпис не го оставајте во сандачињата. Индексот се остава заедно со образците за упис никако посебно.  Индексите заедно со обрасците  може да ги оставите  и покасно доколку сте направиле електронски упис ( најдоцна  до 15.10.2021 година.)

Студентите запишани на Фармацевтскиот факултет, на сите студиски програми кои нема да направат електронски упис во периодот од 15-30.09.2021 година, семестарот ќе го запишуваат со казна за задоцнето пријавување.

Студентите кои нема да фатат услов за слушање на одреден предмет го презапишуваат истиот и за него покрај кредитите плаќаат и износ од 1200 денари за секој презапишан предмет. Овој износ го плаќаат студентите  запишани од 2014/2015 година според условите од потпишаниот договор  при запишување.

Студентите запишани во државна квота (без разлика на година на упис)  доколку запишат предмет по ТРЕТ ПАТ преминуваат во квота со кофинансирање (важи за сите студенти) додека студентите запишани од 2013/2014 до денес, доколку не положат 50 % од запишаните кредити во зимскиот/летниот семестар до наредниот зимски /летен семестар поминуват во квота со кофинансирање.

Студентите кои поминуваат во квота со кофинансирање поднесуваат молба до службата за студентски прашања и потпишуваат договори кои ќе ги подигнат од службата за студентски прашања во определеното време за работа на шалтерот од 12-14 часот.

За заверка на летниот и упис на зимскиот семестар студентите потребно е да потполнат образец за заверка на летниот семестар (кој  го пополнуваат со предмети за кои имаат право на потпис), образец за упис на зимскиот семестар  кој се пополнува со предмети за кои имате стекнато услов за слушање или ги преслушувате. Прво се запишуваат предметите кои ги преслушувате (доколку ги имате ) па предметите за кои имате стекнато услов за слушање во зимскиот семестар.  Пополнетите образеци  за заверка на летниот семестар и упис на зимскиот семестар треба да бидеат идентични со предметите во електронскиот индекс во iKnoW  со предметите напишани во индексот.

При упис на зимскиот семестар студентите задолжително пополнуваат и образец за статистика кој мора да е целосно и читко пополнет. Доколку немате ваков образец не ке можеме да ви го одобриме уписот.

Студентите може да запишат најмногу 35  ЕКТС кредити во семестарот . Оние студенти кои имаат просек над 8,5 може  да запишат  најмногу до 40  ЕКТС кредити.

Образците за заверка на летниот и упис на зимскиот семестарот се поднесуваат заедно со индексот (откако ке ги имате потписите во индексот) и уплатници за уплатена школарина, на која задолжително ке напишете за кој семестар и за колку кредити уплаќате, и уплатници за преслушување на предмети за секој предмет по 1200 денари  (доколку ги имате)  750 денари за ИКСА УКИМ  како и уплатница за солидарна одговорност, книжен фонд, електронски услуги и осигурување од 1600 денари

СТРАНСКИТЕ  СТУДЕНТИ ШКОЛАРИНАТА ЈА ПЛАЌААТ НА ЖИРО СМЕТКА НА РЕКТОРАТОТ  А ОСТАНАТИТЕ СМЕТКИ ГИ УПЛАЌААТ НА СМЕТКА НА  ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ.

1. Потврда за уплатена рата за партиципација/кофинансирање според табела прилог 1:

Уплата за Државна квота (партиципација) Кофинансирање
Студенти запишани ДО учебната 2009/10 3,33 ЕУР (205 ден.) по кредит 16,66 ЕУР (1025 ден) по кредит
Студенти запишани ОД учебната 2010/11 па се  до сега 3,33 ЕУР (205 ден.) по кредит 6,66 ЕУР (410ден.) по кредит
Иселеници   6,66 ЕУР (410ден.) по кредит уплаќаат на сметка на РЕКТОРАТ
Странски студенти запишани со 1500ЕУР 25 ЕУР (1537,5 ден) по кредит – се уплаќа на сметка на РЕКТОРАТ
Презапишување на предмет 1200 денари од предмет Уплаќаат студенти запишани од 2014/2015 година  па навака Се уплаќа на Ж/ска на фармацевтски факултет приходна шифра 723013-41

Сите уплати  се уплаќаат на образец ПП 50 на

  1. Жиро сметка на ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ( за школарина).
    • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка 100 0000000630 95
    • Износ (пресметано според табела дадена во прилог 1.)
    • Сметка на буџетски корисник 1600104553 788 12
    • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
    • Во цел на дознака (задолжително да напишете за колку кредити уплаќате во државна квота/ кофинансирање) Пример: Уплата за 30 кр. во државна квота или уплата за 35 кредити во квота со кофинансирање

Странските студенти

  1. Жиро сметка на РЕКТОРАТОТ (за школарина на странски студенти и иселеници)
    • Назив на примачот: УКИМ
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка 100 0000000630 95
    • Износ (пресметано според табела дадена во прилог 1.)
    • Сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18
    • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин
    • Во цел на дознака (задолжително да напишете а за колку кредити уплаќате партиципација)

Важи за сите студенти државјани на Р.С.М и странски студенти

  1. Жиро сметка на Фармацевтски факултет  ( преслушување на предмети.)
    • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка 100 0000000630 95
    • Износ (1200,00 денари.)
    • Сметка на буџетски корисник 1600104553 788 12
    • Приходна шифра и програма 723 013 41 начин 2
    • Во цел на дознака (задолжително да напишете за колку предмети уплаќате)

3. Потврда за уплатени 1000 денари за студентите запишани до 2013/14 година со цел на дознака: надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд и лабораториски вежби,и 100 денари за осигурување.
или 1600 денари за студентите  запишани од 2014/15 па наваму   со цел на дознака:осигурување надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд и лабораториски вежби,

  1. Жиро сметка на Фармацевтскиот факултет
    • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка 100 0000000630 95
    • Износ : 1600 денари
    • Сметка на буџетски корисник 1600104553 788 12
    • Приходна шифра и програма 723 013 41 начин: 2

4. Потврда за уплатени  750 денари со цел на дознака: ИКСА на УКИМ за Фармацевтски факултет  – сите студенти уплаќаат на сметка на Ректоратот

  1. Жиро сметка на Ректоратот на УКИМ
    • Назив на примачот: Универзитет ,, Св.Кирил и Методиј,, Скопје (УКИМ)
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка 100 0000000630 95
    • Износ: 750 денари
    • Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
    • Приходна шифра и програма: 723012 41 начин 2

Студентите кои немаат предмети за слушање во зимскиот семестар, а имаат предмети за полагање или одбрана на дипломски труд  вршат регистрација на семестарот и ги поднесуваат истите образци и уплати за заверка летниот и  упис на зимскиот семестар . Овие студенти наместо школарина уплаќаат 1000 денари  на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет за регистрација на семестарот.

Се известуваат сите студенти кои не ги завршиле студиите во определениот рок од 10 години за студиската програма МАГИСТЕР ПО ФАРМАЦИЈА и 6 одини  студентите од студиската програма  ЛАБОРАТОРИСКИ  БИОИНЖЕНЕРИ потребно е да поднесат молба за префрлување во рокот кога е даден за префрлување на студенти  на новите студиски програми како би можеле да ги довршат студиите, во спротивно немаат право на упис на семестар. Ова неважи за студентите кои имаат останато само  Дипломски труд

  1. Потребни документи за префрлување на новите студиски програми :
    • Молба или барање своерачно напишано
    • Уверение за положени испити
    • Потврда за префрлување
    • Уплатница од 2000 денари на жиро сметка на
    • Фармацевтскиот факултет.

Студентска служба
Фармацевтски факултет УКИМ Скопје