Menu Close

СООПШТЕНИЕ за начинот на пријавување и запишување на кандидатите на трет циклус студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во академската 2021/2022 година

СООПШТЕНИЕ за начинот на пријавување и запишување на кандидатите на трет циклус студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во академската 2021/2022 година

Документите за упис на Фармацевтски факултет во трет циклус студии во учебната 2021-2022 година, потребно е да се испратат на iii-ff@ukim.edu.mk

Документи и обрасци за студирање за трет циклус студии.

Услови и начин на запишување студенти:

1.На докторски студии можат да се запишат лица кои завршиле соодветни академски студии и кои ги исполнуваат следниве основни услови:

  • завршени втор циклус академски студии со стекнати најмалку 300 ЕКТС- кредити од првиот и вториот циклус студии збирно;
  • завршени постдипломски студии на студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити за организирана академска обука и предавања и друг вид комуникациски активности;
  • стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со стекнати најмалку 300 ЕКТС-кредити, или со завршени интегрирани студии со 360 кредити;
  • остварен просечен успех од претходно завршеното образование (прв и втор циклус студии посебно, односно на интегрираните студии), од најмалку 8.
  • познавање на англиски јазик, што се докажува со уверение или сертификат издаден од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје при  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за ниво Б2 според Европската јазична рамка на Сoветот на Европа, меѓународен сертификат за истото ниво издаден од официјален европски тестатор, утврден со конкурсот или диплома за претходно стекнато образование – додипломски студии (прв циклус) и/или  постдипломски студии (втор циклус) каде што студиската програма се изведувала на англиски јазик.

2. Покрај исполнувањето на основните услови, наведени во Конкурс за докторски студии на Фармацевтскиот факултет во Скопје, согласно со препораките и стандардите на Орфеус за докторски студии во биомедицината и здравствените науки, можат да се запишат и:

  • лица кои завршиле според студиска програма од учебната 1992/1993 година, во траење од 5 години, и се стекнале со диплома: дипломиран фармацевт;
  • лица кои завршиле според студиска програма од учебната 2002/2003 година и се стекнале со диплома: магистер по фармација;
  • лица кои завршиле според студиска програма од учебната 1981/1982 година, во траење од 4 години, кои се стекнале со диплома: дипломиран фармацевт и имаат завршена здравствена специјализација во траење од 3 години.