ИЗВЕСТУВАЊЕ
Првиот академски час за студентите запишани во прва година на студиската програма Магистри по фармација на УКИМ-Фармацевтски факултет ќе се одржи на 1.10.2021 година (петок), во предавална 3, со следниот распоред:
- Група А, 9 часот
- Група Б, 10 часот
- Група В, 11 часот
Распоредот на студенти во групите А, Б и В ќе биде обавен на веб локација на Фармацевтски факултет.
Првиот академски час за студентите запишани во прва година на студиската програма Лабораториски биоинжинери на УКИМ-Фармацевтски факултет ќе се одржи на 1.10.2021 година (петок) во 12 часот во предавална 3.
Првиот академски час за студентите запишани во прва година на студиската програма Диететика и диетотерапија на УКИМ-Фармацевтски факултет ќе се одржи на 1.10.2021 година (петок) во 13:00 часот во предавална 1.
УКИМ – Фармацевтски факултет