Menu Close

ПРОТОКОЛ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ТЕОРЕТСКА И ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

Линк: ПРОТОКОЛ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ТЕОРЕТСКА И ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ –  СКОПЈЕ

ПРОТОКОЛ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ТЕОРЕТСКА И ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ

Наставниот кадар кој ја изведува теоретска и/или практичната наставата е одговорен за организирање и реализирање на мерките и препораките од протоколот за изведување на наставата на Фармацевтскиот факултет.

Во просториите на Факултетот каде се изведува наставата, задолжително се поставуваат едукативно-информативни материјали за почитување на превентивните мерки против КОВИД-19 (задолжително носење заштитна маска, одржување на физичко растојаниe, редовна дезинфекција на раце).

На студентите при влез во предавалните и лабораториите на Факултетот се мери телесна температура со безконтактен топломер. Студентите кај кои ќе биде измерена покачена телесна темература (над 37,4°С) или ќе бидат забележани и други симптоми кои укажуваат на КОВИД-19 не се примаат на настава и им се дава препорака да се упатат на матичен лекар.

Во предавална каде се изведува теоретска наставата, бројот на студенти треба да биде во согласност со основните препораки, односно капацитетот на исполнетост треба да задоволува задложително растојание од 1,5-2 m, со соодветно обележување на местата за седење при изведување на наставниот процес.

Во лабораториите каде се изведува практична наставата, бројот на студенти не треба да биде повеќе од 12, со соодветно обележани работни местата при што треба да се води сметака истите да се поставени на препорачано растојание од 1,5-2 m.

По завршување на наставата, потребно е просториите да се исчистат и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини.

Просторијата каде се одвива наставата се проветрува за време на часовите и задолжително во текот на паузите. Доколку временските услови дозволуваат се препорачува прозорот да е отворен во текот на изведување на наставата.

Во просториите каде што се изведува наставата задолжително се поставува средство за миење и средство за дезинфекција на рацете, со цел да се обезбеди почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на средство за дезинфекција за раце на база на алкохол)

Во просториите на Факултетот и во текот на наставата со физичко присуство (практична и теоретска) студентите и наставниот кадар треба задолжително да се придржуваат на протоколите и препораките за носење на средства за лична заштита. Во текот на практичната работа за студентите покрај заштитна маска задолжително е носење и на заштитни ракавици, лабораториски очила или визир.

За време на паузите се забранува групирање на студентите во просториите на Факултетот и се препорачува задолжително одржување на физичко растојание од најмалку 1,5-2m.

Студентите кои имаат симпотми на КОВИД-19 или биле во контакт со лице позитивно на КОВИД-19 не смеат да присуствуваат на настава со физичко присуство во просториите на факултетот. Отсуството треба да биде пријавено кај наставниот кадар кој е вклучен во изведување на наставата (теоретска/пратктична) на соодветниот предмет.

Отсуството од настава за кои причина е КОВИД-19, студентите го оправдуваат со позитивен наод за инфекција (позитивен PCR тест) и/или решение за изолација. Доколку се потврди дека студент е заболен од КОВИД-19, Факултетот постапува согласно препораките и утврдените протоколи од страна на Министерството за здравство за постапување со лица кои биле во контакт со заболен.

УКИМ, ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ 


ПРОТОКОЛ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ТЕОРЕТСКА И ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ –  СКОПЈЕ

КОВИД-19 ПРОТОКОЛ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ТЕОРЕТСКА И ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

Наставниот кадар кој ја изведува теоретска и/или практичната наставата е одговорен за организирање и реализирање на мерките и препораките од протоколот за изведување на наставата на Фармацевтскиот факултет.

Во просториите на Факултетот каде се изведува наставата, задолжително се поставуваат едукативно-информативни материјали за почитување на превентивните мерки против КОВИД-19 (задолжително носење заштитна маска, одржување на физичко растојаниe, редовна дезинфекција на раце).

На студентите при влез во предавалните и лабораториите на Факултетот се мери телесна температура со безконтактен топломер. Студентите кај кои ќе биде измерена покачена телесна темература (над 37,4°С) или ќе бидат забележани и други симптоми кои укажуваат на КОВИД-19 не се примаат на настава и им се дава препорака да се упатат на матичен лекар.

Во предавална каде се изведува теоретска наставата, бројот на студенти треба да биде во согласност со основните препораки, односно капацитетот на исполнетост треба да задоволува задложително растојание од 1,5-2 m, со соодветно обележување на местата за седење при изведување на наставниот процес.

Во лабораториите каде се изведува практична наставата, бројот на студенти не треба да биде повеќе од 12, со соодветно обележани работни местата при што треба да се води сметака истите да се поставени на препорачано растојание од 1,5-2 m.

По завршување на наставата, потребно е просториите да се исчистат и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини.

Просторијата каде се одвива наставата се проветрува за време на часовите и задолжително во текот на паузите. Доколку временските услови дозволуваат се препорачува прозорот да е отворен во текот на изведување на наставата.

Во просториите каде што се изведува наставата задолжително се поставува средство за миење и средство за дезинфекција на рацете, со цел да се обезбеди почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на средство за дезинфекција за раце на база на алкохол)

Во просториите на Факултетот и во текот на наставата со физичко присуство (практична и теоретска) студентите и наставниот кадар треба задолжително да се придржуваат на протоколите и препораките за носење на средства за лична заштита. Во текот на практичната работа за студентите покрај заштитна маска задолжително е носење и на заштитни ракавици, лабораториски очила или визир.

За време на паузите се забранува групирање на студентите во просториите на Факултетот и се препорачува задолжително одржување на физичко растојание од најмалку 1,5-2m.

Студентите кои имаат симпотми на КОВИД-19 или биле во контакт со лице позитивно на КОВИД-19 не смеат да присуствуваат на настава со физичко присуство во просториите на факултетот. Отсуството треба да биде пријавено кај наставниот кадар кој е вклучен во изведување на наставата (теоретска/пратктична) на соодветниот предмет.

Отсуството од настава за кои причина е КОВИД-19, студентите го оправдуваат со позитивен наод за инфекција (позитивен PCR тест) и/или решение за изолација.

Доколку се потврди дека студент е заболен од КОВИД-19, Факултетот постапува согласно препораките и утврдените протоколи од страна на Министерството за здравство за постапување со лица кои биле во контакт со заболен.

Линк од Протоколот

УКИМ, ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ