Menu Close

Распоред за настава за зимски семстар во учебната 2021-2022 година

Распоредот за настава на Фармацевтскиот Факултет (додипломски студии) достапен на следниот линк:

https://ukimff-my.sharepoint.com/:x:/g/personal/srgjan_cvetanovski_ff_ukim_mk/ESLFqFXoOfdCjWSrLPYdnLQBxfRmojygf-1P_JmNNPc1Ug?rtime=p3kYW06V2Ug

Пристап до распоредот во форматот што е прикажан имаат сите професори на ФФ и секоја промена внесена од нивна страна во распоредот се ажурира веднаш и кај студентите истата се прикажува во моментот, во живо.

За проверка на распоредот користете го единствено линкот испратен во оваа порака. Доколку прикажаниот распоред го симнете како excel фајл на вашиот компјутер, верзијата што ќе ја гледате можеби нема да биде важечка, со оглед на тоа дека распоредот е активен 24/7 и промените постојано се ажурираат.

КРАТКО ПОЈАСНУВАЊЕ НА РАСПОРЕДОТ

Распоредот е excel фајл кој содржи 5 фиксни колони, зададени однапред:

  1. недела во годината
  2. ден
  3. датум
  4. час (од 8:00 – 19:00)
  5. просторија – вклучени се сите простории на факултетот во кои се држи настава предавални/лаборатории итн. и истите се соодветно обележани со нивниот број/име. Дополнително додадена е опцијата 05.online која се однесува на овој начин на одржување на настава.

Останатите колони се изборни и се однесуваат на:

  1. Студиска програма (М-Р ФАРМ, ЛБИ, ДД, II циклус, III циклус)
  2. Семестар (1,3,5,7,9)
  3. предмет
  4. проф/асс
  5. тип на настава (предавања, вежби, семинарски, колоквиум, испит, одбрани)
  6. Групи (за вежби)

Самиот фајл во моментот содржи 4 активни sheet-a именувани со месеците во кои се држи наставата. Секој има по приближно 4000 редови и 11 колони, во кои се сместени сите информации поврзани со сите предмети на Факултетот во зимскиот семестар во додипломската настава. Заради обемноста на информациите во фајлот, при користење на истиот се препорачува да користите филтри за наведените колони, во зависност од информацијата која сакате да ја добиете од распоредот.

При преглед на распоредот најпрвин СЕКОГАШ вклучете го филтерот (сл.1) за студиска програма на која сте запишани (магистер по фармација/лабораториско биоинженерство/диететика со диетотерапија) и исклучетот го филтерот за празни полиња (Blanks) (сл.2).

Сл.1

Сл.2

Откако ке го одберете филтерот за студиска програма и ќе ги исклучите празните полиња (Blank) можете да го користите распоредот на повеќе начини. Во прилог неколку примери:

Пример 1. Доколку сакате да ја видите вашата ангажираност следната работна недела (44) односно неделата од 01-05.11.2021

  • Во sheet-от за месец ноември внесувате филтер за недела – 44 (01-05.11.2021),
  • Внесувате филтер за семестар во кој се наоѓа/ат предметот /тите што го слушате
  • Внесувате филтри за предметите кои ги слушате во тој семестар (студенти кои се во погорните години или оние кои преслушуваат предмети, запишуваат предмети од различни семестри поради што не им е се потребни информации за сите предмети во тој семестар односно потребно е да ги исклучат филтрите за предметите кои не ги слушаат)

Притоа во фајлот ви се прикажуваат информации за вашата анагажирност во 44-тата работна недела за ден, датум, час, предмет, тип на настава (предавања, вежби, семинари, колоквиуми, испити итн.), група (за вежби) и име на професор кој што ја држи наставата.

На сличен начин разгледајте ги следните примери:

Пример 2. Доколку сакате да ја видите вашата ангажираност за месец ноември

  • Во sheet-от за месец ноември внесувате внесувате филтер за семестар во кој се наоѓа/ат предметот /тите што го слушате
  • Внесувате филтри за предметите кои ги слушате во тој семестар

Притоа во фајлот ви се прикажуваат информации за вашата анагажирност во ноември за ден, датум, час, предмет, тип на настава (предавања, вежби, семинари, колоквиуми, испити итн.) и име на професор кој што ја држи наставата

Пример 3. Доколку сакате да ја проверите наставата за одреден датум

  • Во sheet-от за соодветниот месец внесувате внесувате филтер за точниот датум
  • Внесувате филтер за семестар во кој се наоѓа/ат предметот /тите што го слушате

Притоа во фајлот ви се прикажуваат информации за вашата анагажирност за одредениот датум со час, просторија, предмет, тип на настава (предавања, вежби, семинари, колоквиуми, испити итн.) и име на професор кој што ја држи наставата

Пример 4. Доколку сакате да видите кога и каде се одржува наставата по одреден предмет

  • внесувате филтер за семестар во која се слуша предметот
  • внесувате филтер за предметот

Притоа во фајлот ви се прикажуваат информации за ден, датум, час и просторијата каде се одржува наставаа, како и за типот на наставата (вежби/семинари/предавања) како и име на професор/асистентот кој што ја држи наставата

Пример 5. За проверка на термини за колоквиум/испити

  • внесувате филтер за тип на настава (колоквиум 1 (К1), колоквиум 2 (К2), испит) во соодветниот месец кога истиот се одржува
  • внесувате филтер за семестар во кој се наоѓа/ат предметот /тите што го слушате
  • внесувате филтри за предметот/тите за кои ги проверувате термините

Притоа во фајлот ви се прикажуваат информации за ден, датум, час и просторијата каде се одржува колоквиумот по избраниот предмет

Напомена: Проверувајте го распоредот за настава често за да бидете во тек со евентуалните промените.

Верзијата која ви е достапна е View only – односно не постои можност ништо да измените во распоредот (намерно или ненамерно).

Фармацевтски факултет УКИМ