Почитувани колешки и колеги ФАРМАЦЕВТИ
Во изминатиот период сведоци сме на нетранспарентно работење на органите на нашата Фармацевтска Комора кое директно влијае на дигнитетот на нашата фела и професија. Последните настани поврзани со отпочнувањето на избор на претседател на комората (за што немаше известување ниту за членовите на Собрание на комората) е само уште една потврда за ваквото делување. Како членови на Фармацевтската Комора, ние професорите и асистентите од УКИМ – Фармацевтски факултет упативме апел/допис до органите во Фармацевтската комора со цел да изразиме несогласување со ваквиот начин на работење и да апелираме до нашите колеги и колешки кои сега се вклучени во креирање на активностите во комората да се издигнат над своите лични интереси и да овозможат транспарентно одвивање на процесите во комората. За жал, раководните тела во комората негативно изреагираа на нашиот апел и продолжуваат со спроведување на избори на членови и тела на комората во постапка која од самиот почеток е нетранспарентна и однапред добро “смислена“ .
Негативниот допис кој го добивме од нашите колеги од комората на нашето барање/апел, за нас не значи и прекинување на понатамошните активности. Во насока на тоа се одлучивме јавно да го споделиме дописот до сите Вас наши колеги и колешки и да побараме подршка од Ваша страна во однос на наводите во дописот. Соджината на дописот/апелот може да ја превземете и прочитате на следниот линк.
Апелираме до сите колешки и колеги фармацевти кои се согласуваат со содржината на дописот својата подршка да ја искажат со испраќање на порака по електронска пошта на следната маил адреса: zakomora@ff.ukim.edu.mk. Во содржината на порака треба да се наведе “Давам подршка – Име и презиме – фармацевт“
Колегијален поздрав