Почитувани студенти,
На Фармацевтскиот факултет во Скопје, на 08.03.2023, среда, во предавална 2 со почеток во 15:00 часот, ќе се одржи презентација на проектот
“Програма за млади таленти во Алкалоид АД Скопје”
Целта на презентацијата е запознавање на студентите со дејноста на Алкалоид, обемот и видот на задачи кои студентите би ги извршувале во тек на летната пракса во Алкалоид, начинот и условите за аплицирање, како и бенефитот кој студентите би го стекнале во поглед на своите практични знаења и способности со остварување на практиканството и секако, проширување на кариерните можности за студентите со стекнато практично искуство.
Сите заинтересирани студенти од студиските програми Магистер по фармација и Дипломиран лабораториски биоинженер, се добредојдени!
Ве очекуваме!
Ваш,
Центар за кариера
Фармацевтски факултет, УКИМ во Скопје