Menu Close

Работилница на тема „Развој на аналитички методи: од теорија во пракса“

Работилница

“Развој на аналитички методи: од теорија во пракса”

Почитувани студенти,

Центарот за кариера на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје, во соработка со Реплек организира работилница на тема

„Развој на аналитички методи: од теорија во пракса“.

Работилницата има за цел

  • Практична примена на теоретско знаење од областа аналитика на лекови во лабораториски услови, преку работа на студија на случај на генерички лек од Реплек
    • Развој на компетенции и вештини за аналитички пристапи
    • Соработка меѓу академската и бизнис заедницата

Еднодневната работилница е наменета за студенти од Фармацевтскиот факултет, УКИМ во Скопје кои се на VIII-ми семестар студии од програмата Магистер по фармација.

Максималниот број на студенти е 20.

Работилницата ќе се одржи на ден 20.05.2023 година (сабота) во Реплек. Студентите ќе се поделат во 3 групи. Секоја група ќе обработи параметар ‘’Содржина на активна компонента’’ на 3 различни генерички лекови.

Подготовката, испитувањата и резултатите ќе ги спроведуваат во лабораторијата во оддел Контрола на квалитет.

Агенда на активности:

  • Поздравување на студентите и воведен говор
  • Претставување на компанијата: визија, мисија и вредности
  • Запознавање со организациската структура и видео презентација
  • Промоција на 3 производи на Реплек од страна на бренд менаџер
  • Стручно излагање од Раководителот на оддел Контрола на квалитет
  • Лабораториски анализи
  • Евалуација на резултати
  • Прогласување на најдобар тим (критериуми за оценување:најсоодветна аналитичка интерпретација на добиените резултати во практичниот дел)
  • Секој учесник ќе добие сертификат за учество

Пријава за учество

Пријава за учество (електронска порака дека сакате да учествувате на работилницата) да се испрати на jato@ff.ukim.edu.mk, до проф.д-р Јасмина Тониќ Рибарска, раководител на Центарот за кариера

Рок за пријавување: најдоцна до 15.05.2023 година

Критериуми за учество

  • Студент на Фармацевтски факултет, УКИМ во Скопје 
  • Во тек на VIII-ми семестар студии од програмата Магистер по фармација, што активно следат практична настава од предметот Аналитика на лекови и легислатива

На оваа работилница може да учествуваат најмногу 20 студенти

(по принципот прв пријавен – прв запишан)

Студентите се менторирани од професори од Фармацевтскиот факултет

Проф. д-р Катерина Брезовска и проф. д-р Јелена Ацевска,

а ќе бидат евалуирани од Раководителот на оддел Контрола на квалитет, Ирена Славеска Спиревска, фарм.спец.

По завршување на работилницата, очекувани резултати се:

  • Можност за добивање на резултати  во реално време
    • Работа во строго контролирани лабораториски услови во современа EU GMP контролна лабораторија со иновативни технологии
    • Стекнување практични вештини на студентите од областа аналитика на лекови
    • Развивање компетенции за тимска работа и натпреварувачки дух