Menu Close

Оглас за прием на кандидати за специјализации

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј,, Скопје

       ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ Скопје

               Врз основа на член 148 и 149  од Законот за здравствената заштита (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21 и 122/21) и Правилникот за специјализациите и супспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработницисо високо образование од областа на стоматологијата и фармацијата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/21), Фармацевтски факултет Скопје во состав на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува

О    Г    Л    А    С

за прием на кандидати за специјализации

на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје

 Фармацевтски факултет-Скопје

Приватни специјализации
Р.бр.Гранка на специјализацијаслободни места
1Испитување и контрола на лекови 10
2Фармацевтска технологија 2
3Фармакоинформатика14
4Клиничка фармација   11
5Санитарна хемија          2
6Токсикологија 1
7Лековити растенија (фармакогнозија)3
8Аптекарска практика15

Согласно член 141 од Законот за здравствена заштита заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови: завршена пробна работа, положен стручен испит и  лиценца за работа.

Кандидатите со барањето за специјализација треба да ја достават и следната документација:

  • молба;
  • кратка биографија CV;
  • уверение за завршен Фармацевтски факултет;
  • уверение за положен стручен испит;
  • лиценца за работа;
  • македонско државјанство.

Заинтересираните кандидати за гранка на специјализација под реден број 5 може да аплицираат со уверение за завршен Фармацевтски факултет, Технолошки факултет-отсек прехранбена технологија, Природно-математички факултет, отсек хемија-аналитичка биохемија, биологија-биохемиско физиолошка насока, Факултет за земјоделски науки и храна, студиска програма за преработка на земјоделски производи и студиска програма еколошко земјоделство студиска програма и Биотехнички факултет.

Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар во архивата на Факултетот или преку пошта на следнава адреса Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Фармацевтски факултет-Скопје ул. Мајка Тереза бр. 47, Скопје.

Огласот трае 30 дена сметано од денот на неговото објавување.

За дополнителни информации:Тел. 02-3126032/121, e-mail:bema@ff.ukim.edu.mk                                                                                                                                                                                                                                                 

Универзитет ,,Св.Кирил иМетодиј“

Фармацевтски факултет-Скопје