Menu Close

ИНТЕРЕН КОНКУРС за избор на најдобар научник на Фармацевтскиот факултет, Универзитет„Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за 2022 година

     Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ Скопје

ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ Скопје

Врз основа на член  55, точка 15 од Статутот на Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје (Универзитетски гласник бр.459/2019) и одлуката бр.02-154/6 од 16.2.2023 година донесена на Наставно-научен совет, Фармацевтски факултет објавува

ИНТЕРЕН КОНКУРС

за избор на најдобар научник на Фармацевтскиот факултет,

Универзитет„Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за 2022 година

                Критериуми за избор се постигнатите резултати на пријавените кандидати. Категориите за евалуација се содржани во рамките за евалуација на научноистражувачка работа, кои се составен дел на овој Конкурс.

                Кандидатите до архива, со назнака за продеканот за наука и меѓународна соработка, треба да ја достават следната документација (во хартиена или електронска форма):

­ пријава;

­ кратка биографија;

­ преглед на објавени научни трудови и на научни активности за кои се објавени резултати во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година;

­ по една копија од насловната страница од секој труд наведен во прегледот.

Оваа документација се доставува најдоцна до 30.06.2023 година.

Рамка за евалуација на категориите на научноистражувачка работа при избор на НАУЧНИК на годината
Основен критериум за кандидирање е објавен еден научен труд во списание со фактор на влијание (импакт фактор), реферирано во Clarivate Analytics или во списание реферирано во SCImago

Табела 1: Приоритет I

Категорија (за секоја категорија, доколку има повеќе единици се внесуваат поединечно)Референца (автори и наслов)Вредност (Х) изразена преку импакт факторМетодологија за пресметка на поениВредност на поени (Z)Поени со тeжински фактор TF=8
Научна монографија објавена од  престижна издавачка куќа (преглед на  издавачи спорeд  Clarivate Analytics)  12 = Z  ZZ * TF
Научна монографија објавена од  престижна издавачка куќа (преглед на  издавачи спорeд  SCImago)  10 = Z  ZZ * TF
Поглавје во научна монографија објавена од  престижна издавачка куќа (преглед на издавачи спорeд Clarivate Analytics)  (6+X)*(Y%/100) = Z  ZZ * TF
Поглавје во научна монографија објавена од  престижна издавачка куќа (преглед на издавачи спорeд SCImago)  6*(Y%/100) = Z  ZZ * TF
Статија (оригинален нaучен труд) во списание реферирано во Clarivate Analytics X = IF value(8+X)*(Y%/100) = Z    ZZ * TF
Статија (оригинален нaучен труд) во списание реферирано на листа ESCI Clarivate Analytics или на листата SCImago Journals  6*(Y%/100) = Z    ZZ * TF
Статија (оригинален нaучен труд) во списание реферирано на листата CEEOL и RINC базите  5*(Y%/100) = Z  ZZ * TF
ВКУПНО*    Приоритет I  

*пополнува  Комисијата

Табела 2: Приоритет II

Категорија (за секоја категорија, доколку има повеќе единици се внесуваат поединечно)Референца (автори и наслов)Методологија за пресметка на поениВредност на поени (Z)Поени со тeжински фактор TF=4
Научна монографија објавена во странство 8 = Z    ZZ * TF
Поглавје во научна монографија објавена во странство 6*(Y%/100) = Z    ZZ * TF
Статија (поглавје) објавена во меѓународен зборник или колекција на  трудови (реферирано во Clarivate Analytics или  SCImago Journals)   6*(Y%/100) = Z    ZZ * TF
Статија (поглавје) објавена во меѓународен зборник или колекција на  трудови (реферирано во CEEOL или RINC) 5*(Y%/100) = Z    ZZ * TF
Прегледен труд во меѓународно научно списание (нереферирано во Clarivate Analytics или SCImago Journals или CEEOL и RINC) 4*(Y%/100) = Z    ZZ * TF
ВКУПНО* Приоритет II    

Табела 3: Приоритет III

Категорија (за секоја категорија, доколку има повеќе единици се внесуваат поединечно)Референца (автори и наслов)  Методологија за пресметка на поениВредност на поени (Z)Поени со тeжински фактор TF=2
Научна монографија објавена во земјата 5*(Y%/100) = Z  ZZ * TF
Поглавје во научна монографија објавена во земјата 1.5*(Y%/100) = Z    ZZ * TF
Статија (оригинален научен труд) во национално списание 2*(Y%/100) = Z    ZZ * TF
ВКУПНО* Приоритет III    

Табела 4: Приоритет IV

Категорија (за секоја категорија, доколку има повеќе единици се внесуваат поединечно)Референца (автори и наслов)  Методологија за пресметка на поениВредност на поени (Z)Поени со тeжински фактор TF=1
Статија во зборник на трудови од научен собир (интернационален) 3*(Y%/100) = Z    ZZ * TF
Статија во зборник на трудови од научен собир (национален) 1.5*(Y%/100) = Z  ZZ * TF
Предавач на научен собир во странство Пленарно 3 = Z Секциско 2 = ZZZ * TF
Постер презентација на интернационална конференција   2 = Z  ZZ * TF
Апстракт на интернационална конференција   1 = Z  ZZ * TF
Предавач на научен собир во земјата Пленарно 1.5 = Z Секциско 1 = ZZZ * TF
ВКУПНО* Приоритет IV    

Легенда:

IF value – вредноста на факторот на влијание (impact factor) објавен во последниот извештај на Clarivate Analytics

*Х – коефициент еднаков на вредноста на факторот на влијание (IF)

*Y – коефициент на влијание, вредноста се определува според наведените елементи во продолжение, согласно Правилникот за избори во звања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

90% – 2 автори

80% – 3 автори

60% – 4-6 автори

40% – >7 автори

Прв автор + 20%, освен кај 2 автори +10%,  Corresponding автор  + 10%

*Z – вкупни бодови за активност во одделна категорија. Таксативно се наведуваат сите активности во одделна категорија и за секоја активност се пресметуваaт вкупни бодови

*TF – тежински фактор за влијание на одделните катеории во вкупното бодување

ВКУПНО Приоритет I 
ВКУПНО Приоритет II 
ВКУПНО Приоритет III 
ВКУПНО Приоритет IV 
СЕВКУПНО 

                                                                                                                                                                          ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ

С К О П Ј Е

Д е к а н

Проф. д-р Зоран Стерјев