Menu Close

Известување за запишување на зимски семестар и заверка на летен семестар во учебната 2023-2024 година

И З В Е С Т У В А Њ Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР И ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

Се известуваат студентите на Фармацевтскиот Факултет дека запишувањето на зимскиот семестар (1-ви, 3-ти,5-ти, 7ми и 9-ти сем.) и заверка на летниот семестар ( 2-ри, 4-ти, 6-ти,8-ми и 10-ти) за учебната 2023-2024 година ќе се врши ЕЛЕКТРОНСКИ до 6.10.2023 година. За оваа ќе биде потребно студентите задолжително:

  • Електронски да го запишат следниот семестар (во iKnow)
  • До студентска служба да достават потребни документи за запишување/заверување на семестар
  • Да одговорат на анкетниот прашалник за евалуација на наставниот кадар на Факултетот (испратен на маил адресите од iKnow системот), за предметите кои ги слушале во семестарот кој што го заверуваат .

*Намепона: Студентите кои немаат добиено анкетен прашалник да испратат маил на sc@ff.ukim.edu.mk со барање за линк за прашалникот. Студентите кои немаат пополенто анкетен прашалник за евалуација на наставниот кадар нема да можат да запишат семестар.


I ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ И ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР

По електронското запишување на семестарот студентите ги поднесуваат потребните документи, во соодветно обележаните сандачиња по семестри во холот на факултетот, откако ќе ги исполнат сите услови за заверка и упис на семестарот.

Доколку индексот ви е потребен за оцена или потпис не го оставајте во сандачињата. Индексите заедно со обрасците може да ги оставите, откако ке ги соберете сите потписи и оцени во индексот материјално најдоцна до 13.10.2023 година .

  1. ИНДЕКС
    • Во индексот потребно е да ги имате сите потписи од предметите што сте ги слушале во летниот семестар без разлика дали имате електронски потпис. Предметите што ќе ги преслушувате и слушате во зимскиот семестар, треба да бидат напишани во индексот и во образецот за запишување на зимскиот семестар.
  2. ОБРАЗЕЦ ЗА ЗАВЕРУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР
    • Образецот за заверка на семестар треба да биде читко пополнет со предметите што сте ги слушале во летниот семестар и за кои имате право на потпис,и имате потпис во индексот како и името на професорот од кој имате потпис. Доколку немате право на потпис по одреден предмет, тој предмет не треба да го пишувате во образецот за заверување на семестарот.
  3. ОБРАЗЕЦ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР
    • Образецот за запишување на семестар треба да биде пополнет со предмети што ќе ги презапишувате (доколку ги имате) и предмети за кои што сте стекнале услов да ги слушате во зимскиот семестар.
    • При запишување на предметите студентите најпрво ги запишуваат неположените и ислушани предмети од претходни зимски семестри, потоа запишуваат предмети за кои стекнале услов по прв пат да се слушаат. Максимум може да запишат 35 ЕКТС кредити. Студентите со просечен успех над 8,5 може да запишат 40 ЕКТС кредити. Студентите кои запишуваат 40 ЕКТС потребно е од страната на факултетот да испринтаат барање и да го пополнат. Барањето се поднесува заедно со останатите документи.
  4. НАПОМЕНА: Предметите во образците за заверување на летниот односно запишување на зимскиот семестар, треба да се идентични со предметите кои сте ги запишале во индексот и електронски во iKnow системот за заверување/запишување на семестарот. Доколку пополнетите предмети не се идентични (во образците за заверка и упис со тие во индексот и електронскиот упис во iKnow системот) ќе се смета за упис после рок и ќе треба да се уплати казна за ненавремено запишување на семестарот.
  5. Потврда (УПЛАТНИЦА) за уплатена рата за партиципација/кофинансирање
  6. Потврда (УПЛАТНИЦА) за надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд и лабораториски вежби
  7. Потврда (УПЛАТНИЦА) за презапишување на предмети (доколку студентот презапишува предмет/и)
  8. Потврда (УПЛАТНИЦА) за ИКСА УКИМ

I.1 ДОПОЛНИТЕЛНИ ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

  • Студентите запишани во државна квота (без разлика на година на упис) доколку запишат предмет ПО ТРЕТ ПАТ преминуваат, односно го продолжуваат студирањето до крајот на студиите во КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ. Овие студенти потребно е да поднесат БАРАЊЕ /МОЛБА до студентската служба за продолжување на студиите во квота со кофинансирање и да потпишат соoдветни документи за промена на квота.
  • Студентите запишани од 2013/14 година па наваму кои нема да освојат 50% од запишаните КРЕДИТИ во одреден семестар (зимски/летен) до почетокот на истиот семестар наредната година (зимски/летен) преминуваат во КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ и го продолжуваат студирањето до крајот на студиите во квота со кофинансирање. Овие студенти потребно е да поднесат БАРАЊЕ (МОЛБА) до студентската служба за продолжување на студиите во квота со кофинансирање и да потпишат содветни документи за промена на квота.
  • Студентите кои немаат стекнато услов за слушање на предмети во зимскиот семестар, а имаат право на полагање, како и студенти кои завериле 10-ти семестар, а имаат предмети за полагање од летниот семестар или бранење на дипломски труд, го запишуваат/регистрираат семестарот. За таа цел поднесуват индекс, образец за заверување и запишување на семестарот, и уплатница од 1000 денари на жиро сметка на Фармацевтски факултет дадена во прилог.
  • Студентите кои семестарот го плаќаат на рати мора да го имаат расчистено претходниот семестар по што ќе може да достават молба за плаќање на рати на тековниот семестар. Овие студенти молбата/барањето за плаќање на рати го принтаат од страната на факултетот и пополнето го даваат заедно со документите за упис.
  • Доколку студентот ненавремено го изврши електронскиот и уписот во материјална форма должен е да уплати за запишување и заверка на семестар вон предвидениот рок (500 ден за заверка и 500 ден за упис на семестар) на жиро сметка на Факултетот, со назнака заверка и упис после рок, за ова студентот пополнува посебен образец кој го принта од страната на факултетот го, пополнува и го дава заедно со останатите документи. Оправдано е запишување на семестар по рок, за студенти кои полагаат само условен предмет за кој немаат добиено резултати во рокот предвиден за запишување на семестарот.
  • Бидејки документите се оставаат во кутии во холот на факултетот се молат студентите да ги захефтаат уплатниците. Сите некомплетни документи, несоодветно и нецелосно пополнети од страна на студентот како и несовпаѓање на напишаните предмети со електронски запишаните предмети во iKnow, ќе се смета за запишување на семестар после рок.

II ПОДАТОЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА СУМАТА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ УПЛАТИ ЗА ШКОЛАРИНА И ДРУГИ УПЛАТИ

Секој студент врз основа на бројот на кредити кои ги запишува и квотата во која студира го пресметува износот на школарината. Податоците за пресметка дадени се во табела што следи. Во истата наведени се и дополнителни услови и износи за уплата.

Табела 1. Податоци за пресмета на уплати за школарина и други уплати

УПЛАТИПресметка за уплата / износ за:
Студенти запишани ОД учебната 2010/11 и понатамуДржавна квота (партиципација) 3,33 ЕУР (205 ден.) по кредит на сметка на Фармацевтски факултет
Кофинансирање 6,66 ЕУР (410ден.) по кредит на сметка на Фармацевтски факултет
Студенти со завршено целокупно образование во странство и иселеници со 400 ЕУР годишно6,66 ЕУР (410ден.) по кредит се уплаќа на сметка на РЕКТОРАТ
Странски студенти запишани со 1500 ЕУР 25 ЕУР (1537,5 ден) по кредит се уплаќа на сметка на РЕКТОРАТ
За надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд и лабораториски вежби1600 денари, уплаќаат СИТЕ студенти запишани на ФФ на сметка на Фармацевтски факултет, со назнака за надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд и лабораториски вежби
Презапишување на предмет *1200 денари по презапишан предмет уплаќаат сите студенти кои презапишуваат предмет, запишани од 2014/2015 година и натаму, на ж/ска на Фармацевтски факултет приходна шифра 723013-41
ИКСА –УКИМ за фармацевтски факултет750денари уплаќаат СИТЕ студенти запишани на ФФ на сметка на РЕКТОРАТОТ
Регистрација на семестар1000 денари уплаќаат студенти кои немаат стекнато услов за слушање на предмети во летниот семестар, а имаат право на полагање, како и студенти кои завериле 10-ти семестар, а имаат предмети за полагање или бранење на дипломски труд, со назнака за регистрација на семестар
Задоцнета заверка и запишување на семестар1000 денари = 500 ден за заверка + 500 ден за упис на семестар на сметка на Фармацевтски факултет, со назнака заверка и упис после рок

*Студентите запишани од 2014/15 и понатаму, доколку презапишуваат предмети покрај уплатата за кредити треба да уплатат и по 1200 денари од предмет (согласно потпишаниот договор) на жиро сметка на Фармацевтски факултет но на посебна уплатница, не заедно со школарината. Иста жиро сметка но на приходна шифра 723013-41, на која ќе назначите за колку предмети уплаќате . Ова важи и за странските студенти.

II.1 ПОДАТОЦИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА УПЛАТНИЦИ:

Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП 50 на жиро сметка наФармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ (пресметано според табела 1)
  • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
  • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
  • Цел на дознака: Уплата за број на кредити во државна квота / квота со кофинансирање
    • Пример: Уплата за 30 кредити во државна квота / уплата за 35 кредити во квота со кофинансирање

Уплата за презапишување на предмети се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ: (пресметано според табела 1, 1200ден/предмет)
  • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
  • Приходна шифра и програма 723 013 41 начин 2
  • Цел на дознака: Уплата за презапишување на _х_ предмети (задолжително да напишете за колку предмети уплаќате)

Уплата за регистрирање семестарот се врши на образец ПП 50 на жиро сметка наФармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ: 1000 денари
  • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
  • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
  • Цел на дознака: За регистрација на семестар

Уплата за надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд и лабораториски вежби, на образец ПП 50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ : 1600 денари
  • Сметка на буџетски корисник 1600104553 788 12
  • Приходна шифра и програма 723 013 41 начин: 2

Уплатата за ИКСА УКИМ се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на РЕКТОРАТ и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ (пресметано според табела 1)
  • Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
  • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
  • Цел на дознака: Уплата за ИКСА УКИМ за Фармацевтски факултет.

ЗА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ:

Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на РЕКТОРАТ и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ (пресметано според табела 1)
  • Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
  • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
  • Цел на дознака: Уплата за број на кредити во државна квота / квота со кофинансирање.