Фондација Др. Верица Механџиска веќе долго време низ годините е една од најзначајните карактеристики од целокупноста на компанијата Зегин. Со хуманост, грижа и секојдневна помош, фондацијата придонесува во посреќно и здраво општество. Со цел поддршка на студентите, мотивирање на младите за учење и градењето на квалитетни генерации кои ќе продолжат да ја шират хуманоста во секојдневието, на ден 24.10.2023, Зегин преку Фондација Др. Верица Механџиска објавува,
ОГЛАС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА 10 (ДЕСЕТ) СТИПЕНДИИ НА РЕДОВНИ СТУДЕНТИ ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА, ЗАПИШАНИ ВО ПРВ И ВТОР ИНТЕГРИРАН ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ ВО АКАДЕМСКАТА 2023/2024 ГОДИНА
- Услови за доделување на стипендија:
Право да конкурираат имаат студенти/апликанти кои:
- Се запишани на редовни студии во академската 2023/2024 на прв и втор интегриран циклус студии на Фармацевтски факултет (студиска програма Магистер по фармација) при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје;
- Не се корисници на стипендии од други институции, организации и фирми;
- Апликанти кои се деца на самохран родител, деца без родители и родителска грижа, деца на невработени родители и студенти чиј вкупен бруто приход на семејството (родители-старатели и кандидатот) за 2023 година по сите основи да не надминува 600.000 денари;
- Се државјани на Република Северна Македонија;
- Просечниот успех на апликантите исто така ќе биде земен во предвид при доделувањето на стипендиите, односно се очекува апликантите кои се запишани во прва година да завршиле средно образование со постигнат успех на државна матура од најмалку 4.0, а студентите од втора до петта година да имаат постигнато просечен успех од најмалку 8.0;
- Предност ќе имаат апликанти кои не се во редовен работен однос;
- Висина на стипендијата:
- Вкупната висина на стипендијата изнесува 84.000 (осумдесет и четири илјади) денари годишно;
- Стипендијата ќе се исплаќа на 12 еднакви месечни надоместоци;
- Потребни документи за аплицирање:
- Потврда за редовно запишан зимски семестар за академската 2023/2024 година (потврда за редовен студент);
- Изјава на кандидатот дека не е корисник на стипендија или кредит од други установи, институции или компании;
- За вработените членови на семејството да се достават потврди за приказ на годишен (бруто) финансиски приход во семејството односно Уверение од Управа за Јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за 2023 за двајцата родители/старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат;
- За невработените членови на семејството да се достават потврди од АВРСМ дека се невработени лица;
- Апликантите кои се деца на самохран родител или се деца без родители и родителска грижа, да достават потврда од надлежен Центар за социјални грижи или друга соодветна документација со која ќе го докажат истото;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Апликантите кои се запишани во прва година потребно е да достават документ за положена државна матура, додека пак апликантите од втора до петта година потребно е да достават уверение за положени испити;
- CV – биографија на македонски јазик;
При аплицирање, кандидатот потврдува дека:
- под морална, кривична и материјална одговорност податоците прикажани во документите за аплицирање се во целост вистинити и одговараат на реалната состојба;
- се согласува на обработка и користење на сопствените лични податоци и податоците од неговото потесно семејство за цели на стипендијата;
Крајниот рок за пријавување на кандидатите за користење на стипендија е 30.11.2023 година. Документите за аплицирање апликантите треба да ги испратат на меил адресата hr@zegin.com.mk
Кандидатите ќе бидат избрани од страна на Комисија составена од претставници на Зегин и претставници од Фармацевсткиот факултет при Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје.
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.