Menu Close

Оглас за пријавување на кандидати за запишување односно одобрување на специјализации

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј,, во Скопје

       ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

               Врз основа на член 148, 149 и 150 од Законот за здравствената заштита (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21,122/21, 178/21,150/22,236/22,199/23) и Правилникот за специјализациите и супспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование од областа на стоматологијата и фармацијата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2021 и 231/2023), Фармацевтски факултет Скопје во состав на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува

О    Г    Л    А    С

за пријавување на кандидати за запишување односно одобрување на специјализации на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје

 Фармацевтски факултет – Скопје

1. Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за запишување на специјализации за вработени здравствени работници во јавни здравствени установи:

1. ЈЗУ Клиничка болница – Штип

Специјализација 
1. Фармакоинформатика      1

2. ЈЗУ Центар за јавно здравје – Струмица

Специјализација 
1. Санитарна хемија            1

3. ЈЗУ Општа болница со проширена дејност-Прилеп

Специјализација 
1. Фармацевтска технологија           1

4. ЈЗУ Универзитетска клиника за урологија-Скопје

Специјализација 
1. Клиничка фармација       1

2. Запишување на специјализации за вработени здравствени работници во приватни здравствени установи, за невработени и други правни лица:

СпецијализацијаБрој на слободни места
1. Фармакоинформатика      3
2. Испитување и контрола на лекови          10
3. Фармацевтска технологија5
4. Клиничка фармација5
5. Фармакогнозија4

Согласно член 141 од Законот за здравствена заштита заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови: завршена пробна работа, положен стручен испит и лиценца за работа.

Кандидатите со барањето за специјализација треба да ја достават и следната документација:

  • молба;
  • кратка биографија CV;
  • уверение за завршен Фармацевтски факултет;
  • уверение за положен стручен испит;
  • лиценца за работа;
  • македонско државјанство.

Заинтересираните кандидати за гранка на специјализација под точка 1, потточка 2 (санитарна хемија) може да аплицираат со уверение за завршен Фармацевтски факултет, Технолошки факултет-отсек прехранбена технологија, Природно-математички факултет, отсек хемија-аналитичка биохемија, биологија-биохемиско физиолошка насока, Факултет за земјоделски науки и храна, студиска програма за преработка на земјоделски производи и студиска програма еколошко земјоделство студиска програма и Биотехнички факултет.

Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар во архивата на Факултетот или преку пошта на следнава адреса Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Фармацевтски факултет-Скопје ул. Мајка Тереза бр. 47, Скопје.

Огласот трае 30 дена сметано од денот на неговото објавување.

За дополнителни информации:Тел. 02-3126032/3126024 локал:121, e-mail:bema@ff.ukim.edu.mk                                                                                                                                                                             

                                                                                         Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј“

                                                                                                                    Фармацевтски факултет – Скопје