Известување за пријава на аптеки/а за професионална пракса во летен семестар 2023-2024 година
Фармацевтски факултет-Скопје во претстојниот летен семестар 2024 година ќе ја реализира професионалната практика за студентите во 10-тиот семестар од студиите.
Доколку сте заинтересирани вашата аптека/и да учестува во изведување на практиката, ве молам доставете ги следните податоци:
Напомена: потребни условите кои треба да се задоволат за изведување на праксата:
- Аптеката треба да има договор со ФЗО и
- Стручњакот од практика во аптекaта треба да има работен стаж од најмалку 10 години
Барањето да се достави најдоцна до 01/02/2024 на мејл адресата profesionalnapraksa@ff.ukim.edu.mk
Фармацевтски факултет