С О О П Ш Т Е Н И Е
За префрлување на студенти на студиските програми на Фармацевтскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
од факултетот, од друга единица (факултет) на УКИМ или од друг универзитет
Поднесување на барање за префрлањето на студиските програми на Фармацевтски факултет за:
- Кандидати од другите Универзитети
- Кандидати – студенти на матичниот факултет, кои сакаат да се префрлат од еден на друг смер и
- Кандидати кои не ги завршиле започнатите студии во рокот предвиден за завршување на студиите, односно:
- Студентите од студиската програма – Магистер по фармација, запишани во учебната 2014/2015 година треба да ги завршат своите студии (да дипломираат) најдоцна до 30.09.2024 година.
- Студентите од студиските програми – Лабораториски биоинженер и Диететика и диетотерапија, запишани во учебната 2018/2019 година треба да ги завршат своите студии (да дипломираат) најдоцна до 30.09.2024 година.
- Доколку овие студенти не ги завршат своите студии, односно не дипломираат до 30.09.2024 година, истите треба да поднесат документи за префрлување во соодветнта нова студиска програма.
ќе се врши во период од 13.09.2024 до 23.09.2024 година.
Потребни документи за поднесување на барање за префрлање:
- Молба (барање):
- Индекс (оригинал за увид и копија)
- Уверение со оцени (оригинал за увид и копија)
- Потврда дека се редовни студенти
- Наставна програма од факултетот од кој се префрлуваат (заверена со печат и потпис)
- За кандидатите кои се префрлаат на иста студиска програма, уплатница од 2.000,00 денари на жиро сметка на Фармацевтски факултет:
- Назив на примачот: УКИМ – Фармацевтски факултет, Скопје
- Банка на примачот: НБРМ
- Сметка: 100 0000000630 95
- Износ: 2.000,00 ден.
- Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
- Приходна шифра и програма: 723 013 41 начин: 2
- Цел на дознака:
- Префрлување од друг факултет/универзитет (за кандидати кои се префрлаат од друг Универзитет на иста студиска програма) или
- Префрлување од стара на нова студиска програма (кандидати кои се префрлуваат од стара на нова студиска програма или кандидати кои не ги завршиле студиите во предвидениот рок)
- Kандидатите кои се префрлаат од студиската програма Магистер по фармацијана на студиската програма Лабораториско биоинженерство / Диететика и диетотерапија, уплатница од 3.000,00 денари на жиро сметка на Фармацевтски факултет:
- Назив на примачот: УКИМ – Фармацевтски факултет, Скопје
- Банка на примачот: НБРМ
- Сметка: 100 0000000630 95
- Износ: 3.000,00 ден.
- Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
- Приходна шифра и програма: 723 013 41 начин: 2
- Цел на дознака: Промена на студиска програма од Магистер по фармација во Лабораториско биоинженерство / Диететика и диетотерапија
Од Студентската служба
С О О П Ш Т Е Н И Е
За студентите кои добиле согласност за префрлување на студиските програми на Фармацевтски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
од факултетот, друга единица (факултет) на УКИМ и друг универзитет
По објавување на резултатите од еквиваленција на предметните/студиските програми, префрлените кандидати треба да ги достават следните документи за запишување:
- Индекс и студентска легитимација;
- Три фотографии (две со димензии 3,5 х 4,5 за индекс и досие и една 2х3 за студентската легитимација);
- Пополнет образец за запишување на семестар со уплата за школарина;
- Пополнет образец за државен завод за статистика за 2024/25 година;
- Улата за призанвање на предмети
Потребните документи студентите да ги достават во студентската служба во рокот додека трае уписот на зимски семестар 2024-2025 година.
*За дополнителни уплати и документи ќе Ви биде објаснето во Студентска служба.
Од Студентска служба