Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј,, Скопје
ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ Скопје
Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Службен весник на Република Македонија бр.82/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.178/2021), одлуката бр. 02-420/25 од Наставно-научен совет и член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј,, во Скопје, (Универзитетски гласник бр.421/2018), деканот на Фармацевтски факултет на 16 август 2024 година распишува
О Г Л А С
за демонстратори
За учебната 2024/2025 година се рапишува оглас за избор на демонстратори:
- 1 (еден) демонстратор на Институтот за фармакогнозија
- 1 (еден) демонстратор на Институтот за фармацевтска технологија
- 1 (еден) демонстратор на Институтот за применета хемија и фармацевтски анализи
- 2 (два) демонстратоир на Институтот за фармацевтска хемија
Кандидатите треба да ги исполнат следниве услови:
Демонстратор може да биде лице кое е студент на втор или трет циклус на студии со просечна оцена од најмалку 8,00 (осум).
Демонстратор може да биде избран студент од интегриран прв и втор циклус студии кој има остварено најмалку 180 ЕКТС кредити и просечна оцена од најмалку 8,00 (осум).
Демонстраторите се избираат да учествуваат во наставно-образовниот процес во обем и на начин определени со распоредот на работните задачи во тековната учебна година.
Кандидатите кон пријавата поднесуваат докази за исполнетост на условите утврдени со огласот и куса биографија.
Пријавата со потребните документи се поднесува во архивата на факултетот најдоцна во рок од 5 (пет) дена од објавување на огласот.
Фармацевтски факултет
Скопје