Menu Close

Известување за ден-сесија на Фармацевтски факултет – Трета испитна сесија 2023-2024 година

Известување за ден-сесија на Фармацевтски факултет

Се известуваат студентите дека Фармацевтскиот факултет организира полагање во дополнителна ден-сесија за студентите на сите студиски програми на Факултетот. Во прилог кратки информации за сесијата:

Датум на одржување: 30.09.2024

Услови за пријавување:

  • Еден (1) предмет од зимски семестар (условен)
  • Студентот мора да го полагал предметот во август/септември (трета) испитна сесија

Студентите кои не ги исполнуваат овие услови нема да можат да полагаат во условната сесија.

Пријавување:

  • Студентот што ги исполнува условите задолжително да се пријави на следниот линк со внесување на основни податоци под соодветниот предмет:  Име и презиме, бр. на индекс, дали пријавува практичен и/или теоретски испит
  • Линк за пријавување

Рок за пријавување:  

  • Најдоцна до 27.09.2024 (петок) до 14:00 часот. По истекот на рокот пријавувањето ќе биде затворено. Доколку студентот не е пријавен на овој список нема да може да го полага.
  • Студентите кои полагаат Патофизиологија (Магистри) на 27.09.2024 година, ќе можат да пријават испит во казнена сесија по објава на резултати и терминот ќе биде договорен дополнително.

Одржување:

  • Распоредот за полагање ќе биде истакнат на веб страна, во зависност од бројот на пријавени, на 28.09.2024 година најдоцна до 15:00 часот.
  • На денот на испитот студентите треба да донесе пријава со прикачена уплатница.

Цена за пријавување на испит: 1.000,00 ден

Податоци за уплата:

  • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ: 1000ден)
  • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
  • Приходна шифра и програма: 723 013 41 начин 2
  • Цел на дознака: Уплата за ден-сесија