Центарот за кариера на Фармацевтски факултет, УКИМ во Скопје
во соработка со Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности организира дводневна обука на 03.10 и 04.10.2004 на Фармацевтскиот факултет, на тема:
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ И
ПРАКТИЧНИ ПРИСТАПИ ЗА РАЗВОЈ НА ПРОЕКТИ
Наменета е за демонстратори, асистенти, доценти, како и за членови на ФСС-а во рамки на УКИМ.
Обуката нуди практични пристапи за развој на успешни домашни и меѓународни проекти, со фокус на можности и извори на финансирање. Ќе бидат претставени практики за генерирање силни идеи, пишување јасни описи и предлози за проекти, формирање ефективни конзорциуми и развој на реални буџети. Преку практични примери и споделени искуства, учесниците ќе стекнат увид во клучните процеси на развој на проекти. До крајот на обуката, учесниците ќе имаат солидна основа за приближување на нивните проектни идеи кон имплементација.
По завршување на обуката, учесниците треба да подготват проектен концепт што ќе резултира со апликација на реален проект.
Пријавувањето за обуката се врши преку Центарот за кариера на Фармацевтски факултет, УКИМ.