Menu Close

Конкурс за стипендирање на 20 студенти по фармација

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2024 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-26/1 усвоена на ден 30.10.2024 година објавува

КОНКУРС

За стипендирање на 20 студенти по фармација

1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

  • Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
  • Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
  • Да не повторувале година во текот на студирањето

2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  • Молба
  • Кратко CV
  • Уверение за положени испити и постигнат успех

3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ 

Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје, Булевар „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје

Документите се поднесуваат од 01.11.2024 година до 18.11.2024 година исклучиво по пошта.

4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Фармацевтски факултет.

Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.

За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.