И З В Е С Т У В А Њ Е
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА
Се известуваат студентите на Фармацевтскиот Факултет дека запишувањето и заверка на летниот семестар ( 2-ри, 4-ти, 6-ти,8-ми и 10-ти) за учебната 2024-2025 година ќе се врши ЕЛЕКТРОНСКИ до 14.02.2024 година. За оваа ќе биде потребно студентите задолжително:
- Електронски да го запишат следниот семестар (во iKnow)
- Во сандачиња во холот пред студентска служба да достават потребни документи: Индекс и уплатници (доколку плаќањето не е електроснки во iKnow)
За елетронско плаќање на семестарот:
- Студенот првин го запишува семестарот со предметите,
- Семестарот се верификува од страна на студентска служба,
- Електронското плаќање се активира и може да се изврши во iKnow системот.
I ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ И ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР
По електронското запишување на семестарот, студентите ги поднесуваат потребните документи, во соодветно обележаните сандачиња по семестри во холот на факултетот, откако ќе ги исполнат сите услови за заверка и упис на семестарот.
Доколку индексот ви е потребен за оцена или потпис не го оставајте во сандачињата. Индексите заедно со обрасците може да ги оставите, откако ке ги соберете сите потписи и оцени во индексот материјално најдоцна до 21.02.2024 година.
- ИНДЕКС
- Во индексот потребно е да ги имате сите потписи од предметите што сте ги слушале во зимскиот семестар без разлика дали имате електронски потпис.
- Предметите што ќе ги преслушувате и слушате во летниот семестар, треба да бидат напишани во индексот.
- ОБРАЗЕЦ ЗА ЗАВЕРУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР
- Од летен семстар 2023-2024 година, Образецот за заверување на семестар е заменет со електронски и истиот се плаќаат 50 денари на уплатница ПП50.
- ОБРАЗЕЦ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР
- Од зимски семстар 2024-2025 година, Образецот за запишување на семестар е заменет со електроснки и истиот се плаќа 50 денари на уплатница ПП50 со вклучен образец за заверка на иститот семестар.
- Во iKnow системот, Максимум може да запишат 35 ЕКТС кредити. Студентите со просечен успех над 8,5 може да запишат 40 ЕКТС кредити. Студентите кои запишуваат 40 ЕКТС потребно е од страната на факултетот да испринтаат барање и да го пополнат. Барањето се поднесува заедно со останатите документи.
- Студентите кои во зимскиот семестар немаат платено Потврда (УПЛАТНИЦА) Материјални ресурси – надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд и лабораториски вежби
- НАПОМЕНА: Предметите запишани во iKnow системот за летен семестар, треба да се идентични со предметите кои сте ги запишале во индексот. Доколку пополнетите предмети не се идентични, уписот ќе се смета како направен после рок и ќе треба да се уплати казна за ненавремено запишување на семестарот.
- Потврда (УПЛАТНИЦА) за уплатена рата за партиципација/кофинансирање
- Потврда (УПЛАТНИЦА) за запишување и заверка на летен семстар 2024-2025 година.
I.1 ДОПОЛНИТЕЛНИ ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
- Студентите запишани во државна квота (без разлика на година на упис) доколку запишат предмет ПО ТРЕТ ПАТ преминуваат, односно го продолжуваат студирањето до крајот на студиите во КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ. Овие студенти потребно е да поднесат БАРАЊЕ /МОЛБА до студентската служба за продолжување на студиите во квота со кофинансирање и да потпишат соoдветни документи за промена на квота.
- Студентите запишани од 2013/14 година па наваму кои нема да освојат 50% од запишаните КРЕДИТИ во одреден семестар (зимски/летен) до почетокот на истиот семестар наредната година (зимски/летен) преминуваат во КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ и го продолжуваат студирањето до крајот на студиите во квота со кофинансирање. Овие студенти потребно е да поднесат БАРАЊЕ (МОЛБА) до студентската служба за продолжување на студиите во квота со кофинансирање и да потпишат содветни документи за промена на квота.
- Студентите кои немаат стекнато услов за слушање на предмети во летен семестар, а имаат право на полагање, како и студенти кои завериле 10-ти семестар, а имаат предмети за полагање од зимскиот семестар или одбрана на дипломски труд, го запишуваат/регистрираат семестарот. За таа цел поднесуват уплатница од 1000 денари на жиро сметка на Фармацевтски факултет дадена во прилог.
- Студентите кои семестарот го плаќаат на рати мора да го имаат расчистено претходниот семестар по што ќе може да достават молба за плаќање на рати на тековниот семестар. Овие студенти молбата/барањето за плаќање на рати го принтаат од страната на факултетот и пополнето го даваат заедно со документите за упис.
- Доколку студентот не го запише семестарот (елетроснки и во материјална форма) во дадениот рок, должен е да уплати 1500 денари за задоцнето запишување и заверка на семестар на жиро сметка на Факултетот, со назнака заверка и упис после рок, за ова студентот пополнува посебен образец кој го принта од страната на факултетот го, пополнува и го дава заедно со останатите документи. Оправдано е запишување на семестар по рок, за студенти кои полагаат само условен предмет за кој немаат добиено резултати во рокот предвиден за запишување на семестарот.
- Документите (индекс, уплатници, барањ и сл.) се оставаат во кутии во холот на факултетот. Сите некомплетни документи, несоодветно и нецелосно пополнети од страна на студентот како и несовпаѓање на запишаните предмети во индекс и во iKnow системот, ќе се смета за задоцнето запишување на семестар.
II ПОДАТОЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА СУМАТА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ УПЛАТИ ЗА ШКОЛАРИНА И ДРУГИ УПЛАТИ
Секој студент врз основа на бројот на кредити кои ги запишува и квотата во која студира го пресметува износот на школарината. Податоците за пресметка дадени се во табела што следи. Во истата наведени се и дополнителни услови и износи за уплата.
Табела 1. Податоци за пресметка на уплати за школарина и други уплати
УПЛАТИ | Пресметка за уплата / износ за: |
Студенти запишани ОД учебната 2010/11 и понатаму | Државна квота (партиципација) 3,33 ЕУР (205 ден.) по кредит на сметка на Фармацевтски факултет Кофинансирање 6,66 ЕУР (410ден.) по кредит на сметка на Фармацевтски факултет |
Студенти со завршено целокупно образование во странство и иселеници со 400 ЕУР годишно | 6,66 ЕУР (410ден.) по кредит се уплаќа на сметка на РЕКТОРАТ |
Странски студенти запишани со 1500 ЕУР | 25 ЕУР (1537,5 ден) по кредит се уплаќа на сметка на РЕКТОРАТ |
Регистрација на семестар. односно запишување на семестар без предмети | 1000 денари уплаќаат студенти кои немаат стекнато услов за слушање на предмети во летен семестар, а имаат право на полагање, како и студенти кои завериле 10-ти семестар, а имаат предмети за полагање или бранење на дипломски труд, со назнака за регистрација на семестар |
Студенти кои во зимскиот семестар немаат уплатени Материјални ресурси – (За надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд, лабораториски вежби и осигурување) | 2000 денари, уплаќаат СИТЕ студенти запишани на ФФ на сметка на Фармацевтски факултет, со назнака за надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд, лабораториски вежби и осигурување |
Запишување на семестар по истекување на рокот | 1500 денари |
II.1 ПОДАТОЦИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА УПЛАТНИЦИ:
Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП 50 на жиро сметка наФармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
- Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
- Банка на примачот: НБРМ
- Сметка: 100 0000000630 95
- Износ (пресметано според табела 1)
- Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
- Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
- Цел на дознака: Уплата за број на кредити во државна квота / квота со кофинансирање
- Пример: Уплата за 30 кредити во државна квота / уплата за 35 кредити во квота со кофинансирање
Уплата за електронско запишување и заверка на семестар се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на РЕКТОРАТ и ги содржи следните податоци:
- Назив на примачот: УКИМ, Скопје
- Банка на примачот: НБРМ
- Сметка: 100 0000000630 95
- Износ: 100ден (запишување и заверка на летен семестар 2024-2025 година – 100 ден)
- Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
- Приходна шифра и програма 723 019 41 начин 2
- Цел на дознака: Запишување и заверка на семестар
Уплата за регистрирање семестарот се врши (доклку се запишува семестар без предмети) на образец ПП 50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
- Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
- Банка на примачот: НБРМ
- Сметка: 100 0000000630 95
- Износ: 1000 денари
- Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
- Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
- Цел на дознака: За регистрација на семестар
За студенти кои во зимскиот семстар немаат уплатено Уплата за Материјални ресурси – (надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд, лабораториски вежби и осигурување), на образец ПП 50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
- Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
- Банка на примачот: НБРМ
- Сметка: 100 0000000630 95
- Износ : 2000 денари
- Сметка на буџетски корисник 1600104553 788 12
- Приходна шифра и програма 723 013 41 начин: 2
ЗА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ:
Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на РЕКТОРАТ и ги содржи следните податоци:
- Назив на примачот: УКИМ
- Банка на примачот: НБРМ
- Сметка: 100 0000000630 95
- Износ (пресметано според табела 1)
- Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
- Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
- Цел на дознака: Уплата за број на кредити во државна квота / квота со кофинансирање.