Почитувани
Ве информираме дека од утре 18.3.2020 преку различни online форми на комуникација/учење на УКИМ-Фармацевтски факултет ќе се продолжи со реализација на теоретската настава во летниот семестар од академската 2019/20 година. Пристапот за реализација на наставата ќе биде индивидуален за секој предмет за што ќе добиете известување од секој професор кој е одговорен за поединечен предмет пооделно. Се надеваме дека на ваков начин, заедно посветени, ќе успееме да реализираме успешно дел од предвидената настава.
Новонастнатите услови поврзани со пандемијата со коронавирусот Ковид -19 наметнаа сосема нова состојба во нашето живеење и професионално делување. Во оваа прилика би сакале да апелираме уште еднаш до сите студенти, максимално да се почитуваат препораките од здравствените власти во однос на однесувањето во новонастанатата ситуација и со вашето однесување да допринесите за спречување на понатамошно ширење на болеста.
Декан
Проф.д-р Светлана Кулеванова
Продекан
Проф. д-р Зоран Стерјев