Се известуваат студентите дека во периодот од 22.10 (четврток) до 28.10.2020 (среда) во означените кутии на ВЛЕЗОТ од ЗГРАДА 2 (на масата од лева страна) треба да ги остават индексите за оценка по предметите од Институтот за фармацевтска технологија. Оценките ќе бидат внесени најдоцна до 30.10.2020 (петок) и индексите ќе бидат оставени на Студентска служба. Студентите кои положиле предмет/и од Институтот за фармацевтска технологија во септемвриската сесија, задолжително е во индексот да достават и пријава за положениот предмет.
Од Катедрата