Menu Close

Интерен оглас за студнети чие родителско право го врши само еден родител

Врз основа на член 4 од Одлуката за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2021/2022 година (бр. 02-977/4 од 21.9.2021 г.), Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објавува

И Н Т Е Р Е Н   О Г Л А С

за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година

  1. Со овој Конкурс се врши избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година
  2. Право на учество на Огласот има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус на студии во учебната 2021/2022 година, а кој има само еден родител со  родителско право (во натамошниот текст – апликант), односно има:
    • само еден родител  запишан во изводот од матичната книга на родените, или;
    • починат родител, или
    • родител кој го загубил родителското право.
  3. За спроведување на постапката за селекција на апликантите по овој Оглас, Фармацевтски факултет формира комисија и на 22.09.2021 година ја објавува следнава електронска адреса за аплицирање oglas.edenroditel@ff.ukim.edu.mk.
  4. Апликантите, најдоцна до 6.10.2021 година до Претседателот на Комисијата во Фармацевтски факултет, на објавената електронска адреса oglas.edenroditel@ff.ukim.edu.mk треба да достават пријава во која ќе наведат:
    • за бруцошите: вкупен број на поени според кои, согласно Конкурсот, студентот се запишал во прва година на студии
    • за студентите од повисоките години: просечен успех од положените испити
  5. Со пријавата апликантите, во pdf – формат, ги доставуваат и следниве документи:
    • потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата,
    • за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи,
    • за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија,
    • пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат и истата се смета како месечен приход,
    • за родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд и/или
    • за починат родител – извод од матичната книга на умрените.
  6. Во постапката за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител Фармацевтски факултет ќе изврши евалуација и проверка на веродостојноста на поднесената документација од сите пријавени кандидати (согласно чл. 5 од Одлуката). Комисијата самостојно ги пресметува поените и креира ранг – листа за секоја студиска програма и за секоја студиска година пооделно. Ранг – листите се објавуваат  на интернет страницата на Фармацевтски факултет најдоцна до 13.10.2021 година.
  7. Апликантите имаат право на приговор по објавените ранг- листи најдоцна до 20.10.2021 година. Комисијата  ќе ги разгледа и ќе одговори на приговорите во рок од 5 работни дена. Дококу се утврди дека некој апликант поднел документација која не е веродостојна, истиот се симнува од ранг-листата. Прворангираните кандидати од секоја листа ја сочинуваат Конечната ранг-листата на добитници на погодноста за намалување на уписнината за студирање.
  8. Конечната ранг-листа Комисијата ја објавува најдоцна до 27.10.2021 година.

       УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
С К О П Ј Е
Фармацевтски факултет Скопје