Menu Close

УПАТСТВО ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ОЦЕНА И ОДБРАНА НА ДИПЛОМСКА РАБОТА НА ДОДИПЛОМСКИТЕ СТУДИИ НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ

КРАТКИ ЧЕКОРИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ОЦЕНА И ОДБРАНА НА ДИПЛОМСКА РАБОТА
  1. Дипломската работа студентот ја пријавува со пополнување на Образец ОДР-1 Пријава на дипломска работа (платница од 600 ден на жиро сметка на Фармацевтски факултет со цел на дознка „Пријава на дипломска работа“).
    • Пријава е валидна само со потпишана согласност од менторот.
    • Пополнетата и потпишана пријава студентот ја доставува до Службата за студентски прашања.
  2. Пред поднесување на конечна верзија на дипломската работа студентот поднесува Барање за проверка на уредност на студентското досие на Образец ОДР-2 до Службата за студентски прашања.
  3. По добивање на Потврдата за уредност на досието, студентот до менторот доставува Барање за формирање на комисија за оценка и одбрана на дипломската работа на Образец ОДР-3.
  4. Студентот е должен целокупната документација (Потврда за уредност на досието, Образец ОДР-3 и електронски примерок од дипломската работа) да ja достави до Службата за студентски прашања.
  5. Комисијата за одржаната јавна одбрана на дипломската работа пополнува Записник за извршена одбрана на дипломска работа на образец ОДР- 4.
  6. По завршена успешна одбрана Записникот и пополнета пријава за испит студентот ги доставува во Службата за студентски прашања.
За тековна календарска година: