Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј,, Скопје
ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ Скопје
Врз основа на член 148 и 149 од Законот за здравствената заштита (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21 и 122/21) и Правилникот за специјализациите и супспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработницисо високо образование од областа на стоматологијата и фармацијата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/21), Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува
О Г Л А С
за прием на кандидати за специјализации
на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје
Фармацевтски факултет-Скопје
Приватни специјализации | ||
Р.бр. | Гранка на специјализација | слободни места |
1 | Испитување и контрола на лекови | 10 |
2 | Фармацевтска технологија | 2 |
3 | Фармакоинформатика | 14 |
4 | Клиничка фармација | 11 |
5 | Санитарна хемија | 2 |
6 | Токсикологија | 1 |
7 | Лековити растенија (фармакогнозија) | 3 |
8 | Аптекарска практика | 15 |
Согласно член 141 од Законот за здравствена заштита заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови: завршена пробна работа, положен стручен испит и лиценца за работа.
Кандидатите со барањето за специјализација треба да ја достават и следната документација:
- молба;
- кратка биографија CV;
- уверение за завршен Фармацевтски факултет;
- уверение за положен стручен испит;
- лиценца за работа;
- македонско државјанство.
Заинтересираните кандидати за гранка на специјализација под реден број 5 може да аплицираат со уверение за завршен Фармацевтски факултет, Технолошки факултет-отсек прехранбена технологија, Природно-математички факултет, отсек хемија-аналитичка биохемија, биологија-биохемиско физиолошка насока, Факултет за земјоделски науки и храна, студиска програма за преработка на земјоделски производи и студиска програма еколошко земјоделство студиска програма и Биотехнички факултет.
Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар во архивата на Факултетот или преку пошта на следнава адреса Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Фармацевтски факултет-Скопје ул. Мајка Тереза бр. 47, Скопје.
Огласот трае 30 дена сметано од денот на неговото објавување.
За дополнителни информации:Тел. 02-3126032/121, e-mail:bema@ff.ukim.edu.mk
Универзитет ,,Св.Кирил иМетодиј“
Фармацевтски факултет-Скопје